(ВИДЕО+ФОТО) Домашно печиво со јаболки: Крцкаво уживање за недела

Од кујната на баба доаѓа сладок рецепт за сите оние на кои омиленото овошје во колачите им се јаболката.
Потребно е:
200 мл млеко
1 јајце
10 гр квасец
350-400 гр брашно
1 лажичка шеќер
малку сол
2 лажици масло

This image has an empty alt attribute; its file name is pecivo-so-jabolki-1.png
Подготовка: Квасецот изронете го во млако млеко, додадете шеќер, а кога ќе стане пенесто додадете јајце, масло и брашно. Малку насолете и замесете мазно тесто. Кога тестото ќе одмори, развлечете го тенко и исечете го на ленти. Излупете ги јаболката, извадете ја средината и исечете ги на кружни прстени со дебелина од еден прст. Пресечете ги лентите на два дела, а потоа завиткајте ги јаболката низ отворот.
Се премачкува со масло и се редат во намрсен плех. Покријте да одморат, а по желба премачкајте со масло и печете на 180 степени 30 минути.
По желба посипете со шеќер во прав.


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …