(ФОТО) УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ ВО НИЗАТА – МЕГАН МАРКЛ БАДИЈАЛА ЛЕЕЛА СОЛЗИ? Кралот Чарлс НЕМА ШАНСИ да попушти! Со новиот потег покажал што ВИСТИНСКИ мисли за синот и снаата!

Се уште нема смирување во британското кралско семејство. Тоа го докажуваат новите детали за титулите кои треба да ги добијат децата на Меган Маркл и принцот Хари.
Новите детали ги открил познавач на приликите на дворот, Кејти Никол. Неодамна говорејќи за The Royal Beat на True Royalty TV, таа рекла дека кралот Чарлс III е подготвен официјално да им ги даде на децата на војводата и војвотката од Сасекс титулите принц и принцеза – но „има забелешка и тоа е предупредување за доверба“. Довербата, стар проблем во односот на Чарлс, Меган и Хари.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-markl-1-2-628x1024.jpg
Таа додала дека дворот „мора да знае дека можат да им веруваат на Меган и Хари“, пишува Daily Mail, а доделувањето на титулата принцеза или принц на Арчи Харисон и Лилибет Дијана би било во согласност со одлуката на кралот Џорџ V од 1917 година.
Се чини дека самите правила, какви и да се, не се камен на сопнување во одлуката на Чарлс за титулите, туку проблемите во односот со помалиот син и снаата. Според извештаите, Хари не сакал да вечера со својот татко и брат Вилијам во Балморал бидејќи кралот не и дозволил на Меган да присуствува. Поради ова, отуѓениот британски принц дознал за смртта на својата баба на пат кон Шкотска, можеби пропуштајќи ја можноста да се прости од кралицата, која почина на 8. септември.


This image has an empty alt attribute; its file name is princ-hari-place-682x1024.jpg
На погребот на кралицата, кој се одржа пред пет дена во Лондон, односно во Виндзор, имаше настани кои и ги поддржуваат и ги демантираат тврдењата дека има подобрување во односот Меган – Хари – дворот, со акцент дека вториот преовладуваат. Тука се и спорните солзи на Меган Маркл и нејзиниот потег да ги реши несогласувањата со Чарлс, на кого му испратила писмо, како и пораката на кралот во говорот по смртта на Елизабета Втора, дека е со Хари и неговата сопруга.
Меган Маркл и принцот Хари ден по погребот отпатувале за Калифорнија, каде што живееат последните две години. Тие биле пречекани од мајката на војвотката, Дорија Рагланд, и нивните деца.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …