(ФОТО) Науката одлучила кои се најубавите славни маж и жена на светот: Дали се согласувате?

Повеќето ќе речат дека вкусовите се различни и дека убавината е субјективна, но научниците сепак веруваат дека е можно да се користат научни методи за да се најде личност која би се сметала за убава.
Д-р Џулијан Де Силва користел наука и древни формули поврзани со совршени броеви за да ги проучува лицата на познатите мажи и жени за да докаже кој е најубав. Лекарот барал лица на познати луѓе кои одговараат на старогрчките стандарди за убавина.
Истражувањето се обидело да најде лице кое ќе го комплетира „златниот пресек“ што го смислиле старите Грци, кои користеле математички формули за да ја пронајдат идеалната пропорција во бројки.
Лекарот открил дека актерот Роберт Патинсон, кој пошироката јавност го знае од сагата „Самрак“, ги надминал другите, поклопувајќи се со 92,15% на тестот за совршенство кај познатите, пишува Bright Side.

Роберт завршил на првото место според истражувањето, а по него се неговите колеги, британскиот актер Хенри Кавил и американската ѕвезда Бредли Купер. На четвртото и петтото место се нашле холивудските актери Бред Пит и Џорџ Клуни, а веднаш зад нив се Хју Џекман, Дејвид Бекам, Идрис Елба, Канје Вест и Рајан Гослинг.


View this post on Instagram

A post shared by Henry Cavill (@henrycavill)


Применувајќи слични методи за испитување на лицата на познатите жени, д-р Де Силва заклучил дека супермоделот Бела Хадид е најубавата жена на светот бидејќи на тестот постигнала 94,35 проценти поклопување.

View this post on Instagram

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Во првите пет жени се нашле и Бијонсе, Амбер Херд, Аријана Гранде и Тејлор Свифт.

Фото: Монтажа

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …