(ФОТО) КИРГИОС СО 3. РЕЧЕНИЦИ ГО ИСПРАТИЛ ФЕДЕРЕР И МУ ГО ПРОГНОЗИРАЛ НАЈЛОШОТО:„ Рафа е готов, но Новак ќе знае дека има шанса!“

Ник Киргиос не може без внимание, а оваа објава навистина предизвика многу коментари!
Го гледавме емотивното збогување на Роџер Федерер со тенисот на Лејвер купот. Имаше одлични потези, трогателни говори, солзи насекаде, Мирка сакаше во еден момент да ја прекине церемонијата, а сето ова секако не го пропушти Ник Киргиос.
Контроверзниот Австралиец, кој во последно време игра одлично, повторно се јавил, во негов стил! Откако пред неколку дена, кога Федерер објави дека се пензионира, напиша „Никој никогаш нема да ја игра оваа игра како тебе Роџер! Уживај, тоа беше чест“, тој сега го испрати Федерер во пензија со споменување на Новак и Рафа.
„Збогум на кралот!“, напиша тој, а потоа додал:
„Новак знае дека неговата шанса да освои Грен слем сега е поголема! Рафа е скршен“, напишал Киргиос.


Она за што зборуваше Киргиос е рекордот по број на освоени Грен слем турнири, кој долго време го држеше Швајцарецот со 20 освоени титули. Прво го стасаа Надал и Новак, па го претекнаа и сега Шпанецот има 22, а Србинот 21 титула, а се очекува да продолжат со триумфите во следната сезона.
Сепак, се чини дека е јасно во кого Австралиецот има поголема доверба…

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …