(ФОТО) Била СУПЕРМОДЕЛ во 80-тите, а денес ИЗГЛЕДА УШТЕ ПОДОБРО: Таа е доказ дека жените можат УБАВО ДА СТАРЕАТ

Таа чекореше по модните писти во златната ера на супермоделите, кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите.

This image has an empty alt attribute; its file name is daniela-pestova.jpg
Данијела Пештова е родена во Чешка во 1970. година, а за неколку месеци ќе наполни 53. години.
Откриена е веднаш по завршувањето на средното училиште, а иако планирала да се запише на факултет, откако победила на натпревар за моделирање, се преселила во Париз и потпишала договор со „Madison Modeling Agency“. Кога по Париз се преселила во Њујорк, нејзината кариера процветала.



Таа се појавила на насловните страници на водечките списанија, како што се GQ, Marrie Claire, Elle, Cosmopolitan. Таа редовно соработувала со магазинот „Sports Illustrated”“, како и со брендот „Victoria’s Secret“.
За разлика од повеќето модели од тој период, таа рано се омажила. Имала 25. години кога се омажила за Томас Бути, тогашниот извршен директор на Fashion Cafe, со кој во 1996. година добила син.
Бракот не траел, тие се разделиле веќе во 1998. година. Оваа година на Денот на менталното здравје таа на Инстаграм напишала: „Отидов и на терапија, ми помогна. Во тоа време бев млада, разведена, самохрана мајка, која живееше сама, далеку од семејството. Бев депресивна и се чувствував изгубено. Стрес, анксиозност, живот… Понекогаш не можеме сами, понекогаш сето тоа е премногу. Нема срам да бараш помош, не морате да поминувате низ се сами“.

Среќата ја нашла покрај Словакот, музичарот Певел Хабер, фронтмен на групата „TEAM“. Тие се заедно дваесет години и имаат две деца, ќерката Ела, родена 2002. година и синот Пол, роден во 2009. година. Интересно е и тоа што Данијела течно зборува руски, англиски, француски и италијански јазик.
Сè уште е активна и се појавува во бројни модни кампањи, а чест гостин е и на филмски фестивали и други настани во Чешка.
Минатата година заедно со Хелена Кристенсен учествуваше во кампањата за „Victoria’s Secret“.
А едно од нејзините омилени снимања и денес е снимањето на реклама за „Victoria’s Secret“. „Една од моите омилени реклами што сум ја направила и секако една од најтешките. Делот со танцувањето и играњето беше страшен, но тие не спроведоа низ краток курс пред снимањето и мислам дека направивме сè совршено“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ин Мемориам: По долго боледување почина проф. др. Јовица Угриновски

По тешко боледување на 77 годишна возраст почина проф. др. Јовица Угриновски. Со огромна жалост …