Познатиот актер ги победил ракот и короната: „Бев болен скоро две години“

OLD MAN, новата телевизиска серија на Џеф Бриџис (72) сè уште беше во продукција кога на познатиот актер му беше дијагностициран лимфом. Тој ја дознал веста во 2020. година, бидејќи снимањето било ставено во мирување поради пандемијата, што довело до, како што вели, двегодишна „здравствена авантура“.


„Добив рак и хемотерапија, а згора на тоа и Ковид. А хемотерапијата ми го одзема имунолошкиот систем, па добив потешка форма на ковид. Бев болен околу две години и сè уште е магливо“, рекол актерот и додал дека и покрај се се трудел да го види најдоброто во дадена ситуација.
„Не е се лошо. Имаше некои неочекувани работи. Ја почувствував сета љубов што доаѓа од моето семејство и пријателите и од другите луѓе ширум светот“, рекол Бриџис.
„Тоа беше неочекувано, убаво чувство и љубовта што некако ја поттикна во мене. Си реков: ‘О, да, ова е животот, ова е прекрасно’, и сè стана некако хиперскапоцено за тоа време“, објаснил тој.

View this post on Instagram

A post shared by Jeff Bridges (@thejeffbridges)


Вели дека сега се чувствува одлично
Во јануари 2021. година, Бриџис сподели охрабрувачки вести за неговиот рак, кажувајќи им на обожавателите дека неговиот тумор „драматично се намалил“. Тој рекол дека кога излегол од болница времето поминато во болница му изгледало како сон.
„Престанавме да снимаме поради пандемијата и направивме пауза неколку месеци за време на која започна мојата здравствена авантура. А потоа две години подоцна се вратив на работа и тоа беше најбизарното чувство – како да имавме долг викенд. и едвај чекав на пријателите да им раскажам за мојот сон: Бев болен, бев во болница, знаете, се беше како сон. Но, сега сум повторно на нозе и воодушевен сум да бидам тука“, рекол Бриџис.
Оскаровецот вели дека сега се чувствува одлично и дека е среќен што ја промовира својата серија, негова прва ТВ улога уште од дете.
„Мојот татко Лојд Бриџис работеше многу ТВ серии и од неговото искуство можев да кажам колку е тешко и колку е загрижен бидејќи чувствуваше дека нема доволно време да и посвети на улогата. Мислам дека тоа ме оддалечи од тоа да се бавам со телевизија. Но, сега, има одлични работи што излегуваат од телевизијата и содржината, ги има толку многу и е толку квалитетно… Си помислив: подобро да експериментирам со ова“, рекол Бриџис.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …