ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА КУКЛАРСТВО

Во рамките на првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров” од 01 до 03 октомври, 2022 ќе се одржи работилница за кукларство под менторство на Јакуб Максимов, театарски режисер и куклар од Чешка Република.

This image has an empty alt attribute; its file name is kuklarstvo.jpg
Работилницата ќе се одржи во просториите на Театарот за деца и младинци – Скопје, во периодот од 12:30 до 14:30 на 01 и 02 октомври, а последниот ден ќе биде посветен на заклучоци од истата.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти на факултутетите за драмски уметности, наши колеги актери, режисери, драматурзи да се пријават за учество на работилницата најдоцна до 29.09.2022 на festival@puppet.com.mk со наведување на: Име и презиме, годишна возраст, контакт телефон, студиска програма/работна позиција. Работилницата е со ограничен број на учесници.


This image has an empty alt attribute; its file name is kuklarstvo-1.jpg
Јакуб Максимов е режисер, драматург и перформер. Неговиот домен е модерен куклен театар и театар на објекти. Театарот на објектот е главна тема на неговото докторско истражување на Академијата за изведувачки уметности во Прага. Соработува со повеќе театри и независни компании во Чешка, Германија, Словачка, Србија.
Работилницата ќе се состои од истражување на основните елементи на куклен театар и театарот на објектот. Ќе се работи на практични вежби и ќе се креираат неколку кратки етиди со кукли и предмети. Заедно, практично ќе истражуваме што одговара на овој специфичен театарски жанр. Ќе се бараат модерни начини како да се справиме со кукларството како современа уметничка форма.
Ве очекуваме!

Интернационален детски театарски фестивал ,,Игор Маџиров ”
Н.У. Театар за деца и младинци


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Кајмак” во кино стана настан на сезоната

За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак” по сценарио и во режија на Милчо …