ДИЕТА ЗА ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ: Внимателно погледнете кои намирници се дозволени, а кои НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ВО ВАШЕТО МЕНИ

Доколку на последниот лекарски преглед ви било кажано дека имате замастен црн дроб, треба да промените одредени навики во вашиот живот и да ја регулирате исхраната за да дојде до подобрување.
Недостатокот на грижа за здравјето на црниот дроб често доведува до разни болести на овој витален орган. Деградацијата обично започнува со дијагноза на замастен црн дроб, а продолжува прогресивно до најтешката форма – цироза. Затоа, исхраната игра значајна улога како во зачувувањето на овој дел од телото, така и во неговото закрепнување и спречување на сериозни болести.
Доколку е утврдено дека имате замастен црн дроб, заедно со терапијата што ви ја препишал лекарот, ќе мора да ги промените и прехранбените навики. Една од причините за замастен црн дроб е дебелината, па затоа правилниот избор на храна игра многу важна улога.
Кога станува збор за житарките, исхраната за замастен црн дроб подразбира дека треба да се даде предност на сите производи од интегрално брашно и интегрални житарки, а целосно да се исфрлат питите, буреците и другите масни печива.

This image has an empty alt attribute; its file name is dieta-za-mrsen-crn-drob-1.jpg
Се препорачува консумирање млеко и млечни производи со намален процент на маснотии, а од месото да изберете пилешко и мисиркино, како и риба. Белката може да се јаде секојдневно, додека жолчката не се препорачува.
Кога станува збор за зеленчукот, се препорачува да се ограничи внесувањето на компири и други скробни зеленчуци на еднаш неделно, додека се друго може да се јаде по желба. На менито можете да се најде свежо овошје или цедени сокови од него, компоти и само еднаш неделно грст јатки.
Слатките треба целосно да се елиминираат. За пијалоци се препорачуваат благи билни чаеви и вода. Алкохолот е категорично забранет.


This image has an empty alt attribute; its file name is dieta-za-mrsen-crn-drob-2.jpg
Идеја за мени
Појадок: овесна каша со овошје и јогурт со малку маснотии, смути со овошје, зеленчук и семки од лен, овошна салата, тост од интегрален леб, мафини со интегрално брашно и семки.
Ужина: интегрални бисквити, грст јатки, пуканки.
Ручек: пилешки гради со растителни зачини печени без маснотии и сол, лосос на скара со зеленчук.
Ужина: шолја чај без кофеин, шолја млеко со малку маснотии, свежо овошје или зеленчук.
Вечера: кафеав ориз со зеленчук варен на пареа, салата од свеж зеленчук, интегрални тестенини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …