Денеска се слави Преподобна Теодора Цариградска: Божја благодат да скротува ѕверови, исцелува болести, изведе вода во сув бунар

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се оправдува, сметајќи го тоа како казна Божја за својот поранешен грев. Избркана од манастирот, таа седум години помина пребивајќи по шуми и пустини, притоа негувајќи го и детето на онаа блудница.


Ги победи сите ѓаволски искушенија: не сакаше да му се поклони на сатаната, не сакаше да прими јадење од рацете на еден војник, не сакаше да ги слуша советите на мажот ѝ да му се врати – затоа што сето тоа беше само ѓаволски привид и штом Теодора ќе се прекрстеше со крстот, сето тоа исчезнуваше како чад. По седум години, игуменот ја прими во манастирот, каде што проживеа уште две години, па се упокои во Господа. Дури тогаш дознаа монасите дека е жена, а на игуменот му се јави ангел и сè му објасни. Нејзиниот маж тогаш дојде на погреб и до смртта остана во келијата на својата некогашна жена. Света Теодора имаше голема Божја благодат: скротуваше ѕверови, исцелуваше болести, изведе вода во сув бунар. Така ја прослави Бог вистинската покајничка којашто долготрпеливо се каеше девет години за само еден грев. Се упокои во 490. година.

Свети Силуан Атонски
Роден во 1866 година во Тамбовската губернија во Русија. На 27 годишна возраст оди на Света Гора, каде што се замонашува во манастирот „Св. Пантелејмон“. Бивајќи ревносен подвижник, мошне рано се стекнал со благодатниот дар на непрекината молитва, откако имал видение на Христа. После долги години на духовна борба, стекнал големо смирение и внатрешен мир. Се молел и плачел за целиот свет како за самиот себеси, и како најголема вредност ја сметал љубовта кон непријателите. Иако бил скоро без никакво образование, многумина теолози, епископи и духовници доаѓале да побараат од него совет. Неговите записи се објавени во книгата „Старец Силуан“ која се смета за шестти том на „Добротољубието“. Се упокоил во 1938 година.


Преподобен Ефросин готвач
Прост човек, но Божји човек. Служеше како готвач во еден Аморејски манастир во 9 век. Духовникот на тој манастир една ноќ се виде себеси во Рајот и таму го здогледа Ефросин. Ефросин му избра три рајски јаболка и му ги подари. Кога се разбуди, духовникот покрај својата перница ги најде оние три прекрасни миризливи јаболка. Брзо појде кај Ефросин и го праша: „Кај беше ноќеска, брате?“ „Таму каде што беше и ти, оче,“ му одговори блажениот угодник Божји. Тогаш духовникот им го објави целиот случај на монасите и сите ја познаа светоста и богоугодноста на Ефросин. А Ефросин, плашејќи се од славата меѓу луѓето, веднаш побегна од манастирот и се скри во пустината, каде што го помина остатокот од својот живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светиот пророк Авдиј

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога …