(ВИДЕО) Ѓоковиќ со широка насмевка, Надал преплавен од солзи…

Ноќта во лондонската „О2“ арена беше преплавена со емоции и солзи поради збогувањето на Роџер Федерер со тенисот.
Швајцарецот го одигра последниот професионален меч во кариерата и веднаш го совладаа емоциите, но не беше единствениот.
Рафаел Надал долго плачеше со него, а солзите не можеше да ги запре ниту додека Федерер даваше изјава.
Од друга страна, Новак Ѓоковиќ со широка насмевка, полна со почит го поздрави својот голем ривал и пријател.

Потоа, по настапот на пејачката Ели Голдинг, Ѓоковиќ и Федерер се простија уште еднаш, а потоа и српскиот тенисер ги покажа емоциите.
Исто така, Енди Мареј, Стефанос Циципас, Камерон Нори, Каспер Руд и Матео Беретини го поздравија еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …