(ВИДЕО) Федерер со пораз, но во голем стил, се прости од тенисот!

Роџер Федерер и официјално ја заврши својата професионална тениска кариера.
По 1.527 меча, 1.251 победа, 310 недели на врвот на АТП листата, 103 трофеи, 31 финале на Грен слем, 28 титули на мастерсите, 20 грен слем титули, пет години како број еден, легендарниот Швајцарец го „закачи рекетот на клинец“.

Со дубл на Лејвер купот во Лондон со Рафаел Надал против Џек Сок и Френсис Тиафо, богатата кариера ја заврши со пораз во три сета – 4:6, 7:6, 11:9.
Збогувањето беше величествено, бидејќи покрај теренот беа сите најдобри играчи во светот, почнувајќи од Новак Ѓоковиќ, кој ги бодреше, па дури и ја имаше улогата на тренер во одредени моменти, па се до остатокот од тимовите на Европа и светот.
Без разлика на разликата во години и формата, оваа вечер Федерер беше ако не подобар, тогаш поконстантен од Надал со кој беше во тимот.
Во првиот сет сите сервери беа многу сигурни до 10. гем кога Швајцарецот и Шпанецот направија брејк за водство од 1:0.


Потоа Сок и Тијафо му го одземаа сервисот на Надал на стартот од вториот сет, но таа предност не ја задржаа до крајот, туку европскиот тим се врати и до крајот гледавме одличен тенис, а разликата моравме да ја бараме во тај-брејкот.
Таму Европејците го загубија импулсот и Американците лесно го освоија сетот, а воедно влегоа и во супер тај-брејкот со што ја затворија ерата на Роџер Федерер.
Надал и тој брзо поведоа со 3:0, но Сок и Тијафо подеднакво брзо израмнија на 3:3.
Тогаш видовме еден од најневеројатните поени, не само на овој натпревар или турнир, туку и во цела 2022 година:

До крајот се играше речиси поен за поен, па имавме резултати 5:5, 6:6, 7:7, 8:8, 9:9.
Се додека Џек Сок на својот 30-ти роденден не го реши мечот и не израмни за светскиот тим на овој дуел од Лејвер купот.
Во исто време го испрати Роџер Федерер во пензија.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …