(ВИДЕО) Еве што расплаканиот Федерер им зборувал на децата додека ги гушкал

ЕДНА од најемотивните сцени од синоќешното збогување на Федерер со тенисот беше кога на теренот му се придружија сопругата Мирка и нивните четири деца Мајла, Шарлин, Лео и Ленарт. Сите се гушкаа и плачеа, а Федерер се обидел да ги утеши децата.
„Не плачете. Јас сум толку среќен, не сум тажен”, говорел тој додека солзите му течеле по лицето. Интересно, тој со децата зборувал на англиски јазик.


Од синоќа на интернет кружат емотивни фотографии и видеа од последниот натпревар на Роџер Федерер. Швајцарскиот тенисер плачеше по мечот, а солзите не ги криеше ниту неговиот најголем ривал Рафаел Надал додека се прикажуваше филмот за кариерата на Федерер. Двајцата тенисери плачеа додека ги гледаа најдобрите моменти во кариерата на Федерер и се држеа за рака додека се емитуваше филмот.
Швајцарскиот тенисер и еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот го одигра последниот меч во кариерата во пар со својот најголем ривал Рафаел Надал и се прости со пораз од Џек Сок и Френсис Тиафо 4:6, 7:6, 11: 9 на Лејвер купот во Лондон.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …