(ВИДЕО+ФОТО) ВО ПРЕСРЕТ НА 50. РОДЕНДЕН – Гвинет Палтроу покажала завидна фигура во бикини, со години е верна на истата фитнес рутина!

Познатата холивудска актерка Гвинет Палтроу наскоро ќе го прослави својот 50-ти роденден, а во оваа прилика споделила фотографија во бикини на која ја покажува својата завидна фигура.
Покрај Инстаграм, каде се појави нејзината фотографија, Гвинет напишала и емотивен текст на својата страница goop.com. Таму се присетила на 50-тиот роденден на нејзините родители каде, како што истакнала, ги забележала разликите во тоа како ги дочекале.
„За двајцата мои родители, 50-тиот роденден изгледаше како пресметка на самите себе. За мојата мајка тој претставуваше врв на чудесното. Сплет на успон, љубов и уметност. За мојот татко значеше врв на тагата“, напишала актерката.

И додека таа својот роденден го доживува со посебни емоции, под фотографијата во бикини имало бројни комплименти за нејзината одлична форма.
Инаку, актерката, која е и мајка на две деца, претходно откри дека својот здрав и тенок изглед го должи на својата фитнес рутина која ја применува повеќе од една деценија.
Палтроу вежба во својата „домашна теретана“, водена од советите на тренерката Трејси Андерсон, со која вежбаат многу познати личности како Трејси Елис Рос, Викторија Бекам и Мадона.
Трејси практикува мешавина од танц кардио со вежби за помалите мускули на телото. Таа тврди дека се работи за движења кои имаат ефект против стареење, промовираат затегнување на кожата и ги кондиционираат мускулите и дека резултатите можат да се видат за само една недела.



Трејси, исто така, практикува да не зборува за време на часовите, туку сака луѓето да ја имитираат додека таа се движи во ритамот на музиката. Подоцна, таа го свртува вниманието на учесниците на грешките доколку ги направиле.
Веднаш по нејзиното појавување на сцената, пред дваесетина години, Андерсон воодушеви бројни клиенти, кои и останаа лојални до денес.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) во пресрет на премиерното гостување: Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!

До премиерната музичка дружба со Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO), остана уште малку, а во пресрет …