19. Меѓународен салон на стрип “Велес 2022” ги прогласи своите победници!

Единствената манифестација од ваков вид во Македонија годинава го одбележува своето 19то издание во организација на Стрип центарот на Македонија, под покровителство на Општина Велес. Вчеравечер беа прогласени најдобрите и им беа доделени награди и признанија во повеќе категории.

This image has an empty alt attribute; its file name is strip-1.jpg

loading...

Жири комисија составена од Д-р Бошко Караџов – професор по филозофија и самостоен научен истражувач во областа на графичката литература, Лазе Ангелков – академски сликар, илустратор и стрип артист и Ване Трајков – извршен директор на Стрип центар на Македонија, сценарист, инструктор за теорија за стрип од вкупно пристигнати 195 стрипа од 11 земји одлучи:

This image has an empty alt attribute; its file name is strip-2.jpg


– I награда “Златен стрип” – сценарио Марко Стојановиќ, Србија и цртеж Иван Коритарев, Бугарија, за стрипот „На горе”;

– II награда “Сребрен стрип” – Новица Миливојевиќ, Србија, за стрипот “Један сасвим обичан понедељак”;


– III награда “Брозен стрип” – Илко Стојановски, Македонија, за стрипот “Болен Дојчин”;

– Најдобро сценарио – Исмет Ердиќ, Босна и Херцеговина, за стрипот “Слава-смрт-губитак”;

– Уметнички израз – сценарио Марко Стојановиќ, Србија, и цртеж Тудор Попа, за стрипот “SIDES”;

– Специјална награда – Емануел Павел, Романија, за стрипот “The father of all spells”;

– Награда до 18 години – Зорана Ѓорѓевиќ, Србија, за стрипот “Транге, франге, манге”;

– Награда до 15 години – Никола Станков, Македонија, за стрипот “Лакс” и

– Постхумно признание – Томислав Груевски, Македонија, за стрипот “Битолскиот партизански одред”.

This image has an empty alt attribute; its file name is strip.jpg

Специјално признание беше доделено на Николае Пепене, специјален гостин на овогодинешната колонија, директор на Историскиот музеј во Брашов за афирмација на стрипот на Балканот, а самиот музеј доби Благодарница за соработка и промоција на стрип културата.

This image has an empty alt attribute; its file name is strip-4.jpg

Изложбата ќе биде достапна до 30.09, во Ликовниот салон во Велес секој работен ден од 08:00-16:00 часот.

Истовремено вчера започна со работа и 4. Стрип колонија “Велес 2022” со учесници од Македонија, Романија, Србија и Албанија кои до недела ќе престојуваат во Спомен куќата на Касапови во Велес и ќе создаваат нови стрипови усовршувајќи ги своите техники.

This image has an empty alt attribute; its file name is strip-3.jpg

Ментор на овогодинешната колонија е Марко Стојановиќ, стрип сценарист од Лесковац, Србија, наставник во тамошното Училиште за стрип “Никола Митровиќ Кокан”. Марко е познат по својот серијал Вековници, а пишува и за стрип сцената во Америка, Франција, Кина итн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

500 ученици од Македонија и од шест европски земји на 10. „Џифони Македонија“ 5 октомври: …