„МАКЕДОНИСИМО” НА ТРПЧЕСКИ И ПРИЈАТЕЛИТЕ СО БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА ВО ПОНЕДЕЛНИК НА ПЛАТОТО ПРЕД ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ

По 5 години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески конечно ја изведува и мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО.

This image has an empty alt attribute; its file name is MAKEDONISSIMO-POSTER-Bitola.jpg

loading...

Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот МАКЕДОНИСИМО што во издание на британската етикета „Лин Рекордс” го обиколи светот. Станува збор за проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, „со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови”. Уникатниот тим на МАКЕДОНИСИМО КВИНТЕТОТ и на оваа серија концерти покрај Симон Трпчески на пијано, го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

Оваа изведба, публиката во Битола, ќе може да ја проследи бесплатно, во понеделник на Платото пред Офицерски дом со почеток во 19.00 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Октомвриска програма на КИЦ во Тирана

Со отворањето на изложбата ,,Stimulate your sences” на нашата уметница Елита Алити, во саботата почна …