Книжевна вечер со Ана Бунтеска

На 24.09.2022 година (сабота) во фоајето на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово, со почеток во 18 ч. ќе се одржи „Книжевна вечер со Ана Бунтеска”.

Настанот е дел од Годишната програма за презентација , популаризације и афирмација на книжевноста, поддржана од страна на Министерство за култура. Настанот ќе биде збогатен со музика на пијано од младиот музичар Јован Цветкови.
Ана Бунтеска е родена во Скопје, своето детство го поминува на релација Скопје-Битола -Прилеп а во последно време и Охрид. Таа е поетеса која длабоко навлегува во поривите на душата, а професионално е брокер. Нејзиниот татко е познат новинар Лазо Бунтески за кој таа смета дека е од генерацијата на новинари кои ги поставиле темели на вистинското, професионално новинарство. Ана Бунтеска има пасија кон стари книги, просториите кај баба и биле полни со „купишта книги”, таа особено е горда на сопствената библиотека, и се воодушевува на полжотените страници. Има објавено три книги поезија: „Колку е потребно за среќа”, „Стави лајк на сопствениот живот”. Поетесата Ана Бунтеска е добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда”, наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is Ana-Buntevska-foto.jpg
„Ама пусто време-невреме
Во кое никако се на свое место да си дојди
За питомите напред да одат
А дивите некако да се скротат
Та пак да биди ко што некогаш речено било
По делата душата да тежи
По делата душата да се памти”

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Филип Велковски во галерија „Пионери“

Галерија „Пионери“со задоволство ве известува и кани насвечено отворање на индивидуалната изложба„Стогови на времето” на …