(ВИДЕО) Ферари изгорел за време на тест возење: Сопственикот очаен, купувачот останал со кратки ракави

Тест-возењата се составен дел од процедурата за купување автомобил, особено кога станува збор за скапи колекционерски предмети.
Ова видео покажува и дека тест возењето е важно, без разлика како ќе заврши. Тарек Салах морал да патува долг пат во потрага по својот нов автомобил. Тој полетал од Лос Анџелес до Марсеј за да купи класика на Ферари, моделот F355.
Во видеото, Тарек снимал како оди на тест возење при што седи на совозачкото седиште. Истовремено, тој нагласува дека отсекогаш сонувал да вози Ferrari F355 по француските патишта, што сега ќе му се остварело.
Меѓутоа, додека се вози по автопатот, од моторниот простор почнува да излегува чад, па возачот веднаш го запира автомобилот на страна. Пожарот брзо се проширил и додека пристигнале пожарникарите, тој го зафатил најголемиот дел од автомобилот.

loading...

Меѓутоа, додека се возеле по автопатот, од моторниот простор почнува да излегува чад, па возачот веднаш го запира автомобилот од страна. Пожарот брзо се проширил и додека пристигнале пожарникарите, тој го зафатил најголемиот дел од автомобилот.
Несреќниот сопственик и покрај долгогодишната грижа за своето Ферари, доживеал несреќа која дефинитивно не ја очекувал. Сребрениот F355 од 1994. година, и покрај беспрекорното одржување, доживеал дефект што ја запечатил неговата судбина. Наместо да го продолжи својот живот на улиците на Лос Анџелес, овој прекрасен автомобил најверојатно ќе заврши во отпад.
Салах рекол дека не знае што тргнало наопаку, но се сомнева во истекување гориво. Имено, додека возел, непосредно пред избувнувањето на пожарот почувствувал мирис на бензин во кабината. Мислел дека тоа е нормална ситуација кога смесата има премногу гориво.
Неколку моменти подоцна, возачот на соседниот автомобил им сигнализирал дека од задниот дел на Ферарито излегува чад. Тоа е навистина лоша среќа, бидејќи Ферарито штотуку било однесено во сервисен центар на детална проверка пред купувањето.
Салах можел само да заклучи дека ќе се врати дома со незавршена работа, а сопственикот останува да тагува поради оваа и толку голема загуба. Среќа во несреќата е што никој не е повреден.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДВА ТИМА СРЕДНОШКОЛЦИ од Орце Николов, Зеф Љуш Марку и Корчагин ЗАЕДНИЧКИ НА ТРОНОТ НА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА NASA Space Apps Challenge во Македонија

Основци го понесоа високото второ место Со посебно задоволство Ви ги претставуваме победниците на NASA …