(ВИДЕО) БИЛ УБЕДЕН ДЕКА Е САМО МОЗОЛКА, БИЛ ШОКИРАН КОГА ЈА ДОБИЛ ДИЈАГНОЗАТА: Гледал како од челото му вадат нешто што се движи!

Англичанецот Џек Холмс извесно време мислел дека има мозолче на челото кое го чешало, па залудно се обидувал да се ослободи од него, на класични начини, но ништо што пробал не вродило со плод, па сфатил дека мора направи нешто околу тоа прашање.
Тој и неговата сопруга со денови се обидувале да ја исцедат. Меѓутоа, прво се појавил мал оток, кој брзо почнал да се шири додека не му се затворило окото.

@jack_holmes1 Very fucking british summer! #fyp #ElectrifyTheMini ♬ Oh No – Kreepa

loading...

Како што рекол, многумина го задевале дека сигурно се степал со некого, а тој не сакал да призна. Кога му се затвориле двете очи, Џек решил да се консултира со лекар, пишува The Sun.

@jack_holmes1 Part two of the fun… #ElectrifyTheMini #fyp ♬ Funny Song – Cavendish Music


Мислеше дека се работи за поткожно мозолче на кое му треба повеќе време да исчезне. Отишол во болница и добил шокантна дијагноза. Имено, тие му рекле дека го каснала коњска мува, а лекарите останале зачудени додека го санирале каснувањето. Во болницата конечно успеале да го исчистат израстокот од кој излетала ларвата.
– Гледав како нешто, што ми скокна од челото, се витка по ткивото, апсолутно одвратно – се присетува Џек и додава: – После тоа устата почна да ми отекува и чувствував страшна болка, па следниот ден морав да одам повторно во болницата, каде ми дадоа комплет антибиотици, по што следниот ден се почувствував како повторно роден“, рекол Џек.

@jack_holmes1 Audition for the next goonies film.. Coming to cinemas near you. #ITriedItIPrimedIt #fyp #ElectrifyTheMini #foryoupage #update #bekindtoeveryone ♬ original sound – Jack


Овој млад човек објавил фотографии на TikTok пред и по отстранувањето на ларвата.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЗ: Регистрирани се 65. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19 – Пријавени се 3. починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 …