Потрагата по следниот Џејмс Бонд е официјално во тек, изјавија продуцентите на франшизата за Бонд, Барбара Броколи и Мајкл Џи Вилсон во интервју за Variety.
Броколи и Вилсон во интервју за Variety за наследникот на Даниел Крег изјавија дека потрагата штотуку започна. Крег го играше најпознатиот шпион на светот цели 15. години и продуцентите разбираат дека тоа е голема обврска за секој актер.
View this post on Instagram
Идрис Елба, долгогодишен кандидат да стане првиот Афроамериканец кој ќе го игра агентот 007, неодамна изјави дека работата не е „цел на неговата кариера“.
„Тој е одличен“, рекол Вилсон. „Го сакаме Идрис“, додала Броколи.
„Работата е во тоа што ќе има неколку години одмор“, забележала таа, „А кога некој го игра Бонд, тоа е 10-12 години посветеност. Значи, тие веројатно размислуваат: „Дали навистина го сакам тоа нешто?“. Не секој сака да го направи тоа. Беше доволно тешко да се натера Даниел да го направи тоа“.
Вилсон додал: „И тогаш беше во раните 30-ти!“
View this post on Instagram
Зборувајќи за посветеноста потребна за да се носи тежината на франшизата во текот на многу години, Броколи рекла: „Многу луѓе мислат: ‘О, да, би било забавно да се направи една’. Па, тоа нема да успее“.
Таа го цитирала поранешниот актер од 007, Пирс Броснан, кој еднаш рекол: „Повеќе луѓе оделе на Месечината отколку што го играле Џејмс Бонд“.
Исто така, било откриено дека новиот агент 007 „ќе биде во служба на кралот и татковината“.
Фото: Twitter