Scuola dei Laneri, Santa Croce во изминативе 154 дена ја надмина бројката од 30.000 посетители

Следбениците на тековите на сцената на светската современа уметност, во оваа прилика поконкретно 59то Венециско биенале со наслов “The Milk of Dreams”, веќе се информирани за овогодинешниот проект со кој се претставува Република Северна Македонија.

Еден мал осврт од самиот почеток. Изборот на проект кој ќе го претставува македонскиот павилјон беше направен од страна на стручна комисија од Министерството за култура на почетокот од 2022 година, кога впрочем се објавува целокупната програма за тековната календарска година. “Landscape experience” на авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска ја доби довербата и можноста да биде дел од оваа престижна манифестација. Носител на проектот е НУ Национална галерија на Република Северна Македонија, Комесар: д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија; Куратори: м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос во одделението за визуелна уметност на IFA, Берлин.
Околу проектот, целиот контекст на поставката е парафразирaн во првата реченица, т.е. во првиот пасус од кураторскиот текст: „Човекот е единственото суштество кое свесно се однесува кон своето постоење” и тој е појдовна мисла околу која се гради повеќеслојноста на овој мултимедијален проект, проблематизирајќи ја на суптилен начин комплексноста на човекот како создавач и разурнувач, неговите еколошка и политичка свесност, како и смислата на нашата егзистенцијална одговорност.

loading...

This image has an empty alt attribute; its file name is Landscape-Experiance_8313.jpg

Во рамките на меѓународната афирмација, на 25 март 2022 г. настанот беше најавен на платформата e-flux создадена во 1999 година од група уметници, која опфаќа бројни видови на критички дискурс во уметноста, архитектурата, филмот, теоријата и поврзува многу од најзначајните уметнички институции со публиката низ целиот свет.


(https://www.e-flux.com/announcements/455942/robert-jankuloski-and-monika-moteskalandscape-experience/)

Во текот на петте изминати месеци публиката и критиката го дадоа својот збор.


Виторија Бјази (Vitorria Biasi), историчар на современа уметност уметнички критичар и професор по историја на современа уметност на Академијата за ликовни уметности во Фиренца во својот осврт за 1fmediaproject.net, онлајн динамична меѓународна арт мрежа на англиски јазик, основана од Рафаела Лосапио во 2006 година во Рим напиша: Потрагата по човештвото, стигна до идејата за божественото со единствениот пат на мислата, ги премина просторот и времето, давајќи концепти на вечност, љубов, живот.

This image has an empty alt attribute; its file name is izlozba-vo-italija.jpg
Одразот на уметниците тече меѓу различните постоења и, размислувајќи за слободната волја , на Сартровиот концепт за слобода во смисла на личен избор, ги доведува во прашање противречностите. на постоењето докажано од историјата на човештвото. Големите прашања на уметноста, на поезијата се отелотворени во сликите, во предметите кои се дух на животот, илузија или болка за да се напише друга приказна.

https://www.1fmediaproject.net/2022/03/24/il-pensiero-dellimmagine-landscape-experience-republic-of-north-macedonia-59-biennale-di-venezia/?fbclid=IwAR2-8n3i-BspqIcnNFXrI1lGwXer-m2y50ORXNMoZ7IJZY-78ckJENWa624

Потоа, за видливоста на проектот “Landscape Experience” „зборуваше” и Анселмо Вилата (Anselmo Villata) културен менаџер, уметнички критичар, куратор и новинар и потпретседател на AICA International.

„Одлично дело од големо општествено значење, не само уметничко, на северномакедонскиот павилјон на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска”.

This image has an empty alt attribute; its file name is Landscape-Experiance_8259.jpg

Особено сме горди на одвоениот медиумски простор на Venezia Today кои го промовираа отворањето на македонскиот павилјон.

https://www.veneziatoday.it/attualita/padiglione-macedonia-biennale-arte-2022.html?fbclid=IwAR3eyYyjMpa9bWz3PcNehJvCauipbBl3jGA_-6RsXcTrBGukjObCfDhRk64

Стручната критика го даде својот збор, меѓутоа, за нас, од особено значење се емоциите на „обичната” публика која ги пренесе во пораките во книгата за впечатоци. Пораките изобилуваат со зборови на пофалба за реализацијата на уметничкиот концепт, фасцинираност од одличниот спој на естетика, егзистенцијален дебрис, опомена за иднината на човештвото. Изразите на благодарност за сензацијата се многубројни. Дел од нив изворно ги споделуваме:

Меѓународната медиумска видливост даде сериозен импакт во афирмацијата на работата на авторите Мотеска/Јанкулоски, а резултатите се евидентни со посетеност на македонскиот павилјон кој надмина рекордна бројка досега, над 30.000 посетители.

This image has an empty alt attribute; its file name is Landscape-Experiance_8282.jpg

Воедно изразуваме голема благодароност до локалните медиуми, во буквална смисла до сите кои дадоа безрезервна поддршка и афирмација на современата македонска уметност и нашето учество на овогодинешното 59то Венециско биенале.

И за прв пат досега, за претставувањето на Венециското биенале, македонската продукција Мозаик” во период од 27 септември па до 3 октомври 2022 г. ќе снима документарен филм за македонскиот павилјон и за овогодинешните претставници, Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски.

This image has an empty alt attribute; its file name is izlozba-vo-italija-1.jpg

„Очекувањата и целите се исполнети на сите полиња, се потврдува оправданоста за учеството на Република Северна Македонија на овој фестивал” додава комесарот на проектот, д-р Дита Старова Ќерими.

Остануваме достапни на оваа тема до 27 ноември 2022 година, додека трае фестивалот во Венеција.

Национална галерија на Република Северна Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Октомвриска програма на КИЦ во Тирана

Со отворањето на изложбата ,,Stimulate your sences” на нашата уметница Елита Алити, во саботата почна …