ReVolt (Dock of Rock) со нов спот за нивната најнова песна ЕВРОПА

Деновиве бендот Револт излезе со музичкиот спот за нивната најнова песна ЕВРОПА.

Идејата и инспирацијата за песната ЕВРОПА е од секојдневието.

loading...

Проследете го видеото за песната ЕВРОПА.


Или само напишете “Evropa” во пребарувачот на YouTube.

ЕВРОПА е нивната најнова песна, дел од новиот албум кој моментално се снима во студио.


После подолга пауза, Револт повторно смисли нешто ново, и возбудливо. Со новите членови Игор и Тони и новиот елан и дух повторно влезе во студио. Овојпат, новиот албум жанровски се разликува со нови звуци, малку експериментирање, но сепак верни на стариот добар рок призвук.

Револт е бенд кој постои од 2006 година, со првичен состав: Игор Панев, Оливер Панев и Столе Грозданов, и од тогаш почнаа да компонираат своја авторска музика.

Првите настапи ги имаат по локални свирки и градовите низ Македонија, потоа Рок Фестивали, Гитаријади и телевизиски настапи.

Целта на бендот е да го оживее и врати автентичниот рок звук во Македонија, звук кој денеска е измутиран и неоправдано заборавен, и се движи (не еволуира) во погрешни правци, ретко со понекоја инвентивна синергија.

Главните теми и мотив во нивната музика е разоткривање на сето она што е лажно, маскирано, лицемерно, што се чини вистинито а сепак не е. Малку поинаков поглед на сите нешта, од поинаква перспектива.

This image has an empty alt attribute; its file name is revolt-nova-pesna.jpg

Дискографија

Прв албум “Времеплов” 2012 е снимен во студио ” Кај Трајче

1.Времеплов 2.Повторно 3.Догледање 4.Оловни чекори 5.Опстанок 6.Гладен 7.Будење 8.Раскољников 9.Втора шанса 10Атеист 11.Изгубени соништа

Тогашни Членови:

Игор Панев – Вокал и Бас Гитара

Оливер Панев – Соло и Ритам Гитара, Пратечки вокали

Столе Грозданов – Тапани

(Гостин) Блуз Блузовски – Клавијатура

Нов состав 2022:

Игор Панев – Вокал и Бас Гитара

Оливер Панев – Соло и Ритам Гитара, Пратечки вокали

Игор Тошев – Кахон, Вокал и пратечки вокали

Тони Цветковски – Ритам Гитара и Пратечки вокали

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

БОЛНА ИСПОВЕД НА ШАКИРА ПО БРОЈНИТЕ ИЗМАМИ НА ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ: „Тешко ми е да зборувам, ова е најлошиот период во мојот живот!“

Првата исповед на Шакира по изневерувањето на поранешниот сопруг никого не остава рамнодушен! По 11. …