(ФОТО) ТАКВИ СЕ НИВНИТЕ НАЧИНИ – ТОА ШТО ИМ ГО ПРАВААТ НА НОВОДОЈДЕНЦИТЕ СЕ ПЕКОЛНИ МАКИ: Српска роднина на кралот Чарлс ја открива ТЕМНАТА ТАЈНА на кралското семејство! Меган НЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА!

„Членовите на британското кралско семејство имаат долга историја на мачење и задевање новодојденци – особено кога станува збор за жени кои се забавуваат со членови на семејството – и само оние кои се цврсти како карпа можат да ги ‘преживеат’ овие услови“, рекла Кристина Оксенберг, ќерка на принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ и братучетка на кралот Чарлс III.
Кристина, која истакнува дека Чарлс е нејзин братучед од четврто колено, изјавила за New York Post дека нема олеснителни околности кога се влегува во кралското семејство и дека ако Меган не може да се справи со сето она низ кое поминува, едноставно ќе дојде некој друг кој може тоа ќе може да го издржи.

This image has an empty alt attribute; its file name is kristina-oksenberg.jpg
„Она што можам да и го кажам на Меган Маркл е: „Она низ кое поминуваш е пеколно исмејување и подбивање“, коментирала Оксенберг (59).
Инаку, Кристина е потомок на Караѓорѓевиќ, а истакнува дека нејзината мајка Јелисавета некогаш била многу блиска со Чарлс. Оваа 59-годишна жена денес се занимава со пишување и моден дизајн, но поголемиот дел од животот го поминала во кругот на британското благородништво, а добро ги знае озборувањата и шпекулациите од овој свет.
Таа се присети и на снобизмот што владеел кога новопечената принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, требало да стане дел од семејството. Кога принцот Вилијам, сега престолонаследник, некогаш се забавувал со Кејт, пред да се венчаат во 2011. година, на кралското семејство му било многу смешно и забавно што британскиот печат избраничката на принцот ја нарекол „Кејт од средна класа“.


This image has an empty alt attribute; its file name is megan-markl-1-2-628x1024.jpg
Како што одамна пишуваше „Експрес“, Камила, сега сопругата кралицата, наводно ги нарекла родителите на Кејт, Керол и Мајкл, со потсмев „Запознајте ги Фокерови“, алудирајќи на американската комедија која се занимава со животот на средната класа.
„Мислеа дека сето тоа е многу смешно, Кејт од средната класа, но и сè околу Сара Фергусон и Старк. Тие не мислеа на непочитување, на крајот на краиштата, знаеа дека Кејт ќе стане англиска кралица еден ден“, додала Оксенберг.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani)


Кога Кристина ја спомнала Ку Старк, американската актерка и фотограф, таа мислела на нејзината врска со принцот Ендру во раните 80-ти. Сепак, кралицата Елизабета застанала на патот на оваа романса. Иако на почетокот и се допаднала Старк, која го натерала Ендру да ги купи неговите први фармерки, таа не сакала врската да продолжи кога медиумите откриле дека Ку се појавувала во еротски филмови.
„И двајцата беа навистина вљубени. Тие беа сродни души, а тој беше спречен да се ожени со својата сродна душа. Да се ​​оженеше со неа, денес работите ќе беа поинакви”, заклучила Кристина на крајот.

Извор: New York Post

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стивен Санчез го промовираше деби албумот „Angel Face“

Стивен Кристофер Санчез е роден на 3 ноември 2002 година и е американски пејач и …