Промоција на романот „Најосамениот ден“ од Симеон Јанков

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев”-Куманово, на 22.09.2022 година со почеток во 18 ч. ќе се одржи промоција и презентација на книгата „Најосаменото место” од Симеон Јанков.
Симеон Јанков е роден на 21.08.1981 година во Скопје. Завршил средно училиште во Корчагин, дипломирал на Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошки факултет. Во минатото се занимавал со проучување на словенската митологија, а во последните неколку години се занимава со проучување на врските меѓу македонскиот јазик и словенските јазици, од една страна, и останатите индоевропски јазици , од друга страна , фасциниран од нивната блискост, која најчесто не е воочлива на прв поглед, притоа служејќи се со литературата на некои од најголеми и најреномирани научници на тоа поле, како Макс Фасмер, Рик Дерксен, Олег Трубачев и други.

This image has an empty alt attribute; its file name is Симеон-Јанков.jpg
Автор е на романите „ Црна шума” и „Најосаменото место”. Преведува од англиски, руски, српски и обратно.
Романот ќе го промовира Фросина Пармакоска. Во рецензијата промоторот ќе истакне:
„Ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон „мртвата сакана”.
Главниот лик е плетач на приказни, сонувач на минати времиња, гледач на неми филмови, собирач на трепки и на мртви љубови и конечно, цртач на извонредно тенки линии помеѓу она што вистински е и она што само така изгледа. Одлично изграден лик, по малку чудак, по малку мрачен, по малку фантазер, но исклучително несекојдневен и интригантен лик кој во комбинација со занимливата приказна и прекрасниот начин на нејзино раскажување од самиот лик (роман во 1во лице) го произвеле „најосаменото место” како уникатна must-see дестинација што топло ја препорачувам. Симеон Јанков, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура!”

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Октомвриска програма на КИЦ во Тирана

Со отворањето на изложбата ,,Stimulate your sences” на нашата уметница Елита Алити, во саботата почна …