Преседателот Пендаровски доби уникатни custom-made патики од Сатја Грабулоски

Македонскиот претседател Стево Пендаровски доби пар рачно нацртани уникатни патики од дизајнерот Сатја Грабулоски. Патиките од марката Најки се специјално изработени за претседателот Пендаровски, а на нив се нацртани Македониумот и претседателскиот грб.

Специјалните патики се дел од изложбата „Зад Македониумот“ што се отвори вчера попладне во претседателската палата, а на која ќе може да се видат скици, цртежи, фотографии и макети од личната колекција на Јордан и Искра Грабулоски, автори на еден од најпознатите споменични обележја во земјава, Македониумот во Крушево.


This image has an empty alt attribute; its file name is satja.jpg

Во своето обраќање на отворањето, претседателот Пендаровски рече дека благодарение на семејството Грабулоски, на Лира Грабул и Сатја Грабулoски, може да се видат интимните и детаљни творечки процеси, повеќеслојните наративи, визии, дилеми и перспективи кои се одвивале при уметничкото и архитектонско осмислување на „Македониумот“.


This image has an empty alt attribute; its file name is pendarovski.jpg

„Споменикот на Илинден во Крушево, познат како Македониум, е несомнено најкомплексното и би се осмелил да кажам, најрепрезентативното скулптурално-архитектонско дело кое е возвишен израз на нашата современа уметност, култура и архитектура“, рече меѓу другото претседателот Пендаровски.


This image has an empty alt attribute; its file name is satja-2.jpg

Изложбата во Кабинетот на претседателот се организира по повод одбележувањето 31 година независност на Македонија и преку неа се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културно-историска ризница.

This image has an empty alt attribute; its file name is satja-1.jpg

Изложбата „Зад Македониумот“ ќе биде отворена до 30 септември, а посетителите ќе може да ја видат со претходно закажување за влез во претседателската вила, преку платформата Отворен кабинет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Под мотото „Прекрасното непознато” вечерва почнува 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки”

Под мотото „Прекрасното непознато” Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки” вечерва ќе го започне своето …