Бензинска пумпа во германскиот град Геролхофен во сојузната покраина Баварија случајно продавала гориво по цена нешто повисока од едно евро за литар.
Како што пренесуваат медиумите, бензинот „Супер плус“ на таа пумпа чинел 1.029 евра за литар. Евтиното гориво во вторникот попладне довело до општа гужва.
„Резервоарот од 3.000 литри беше празен доцна навечер“, вели закупецот на пумпата. Во средата наутро литар бензин Супер плус повторно чинел 2.099 евра, пишуваат германските медиуми.
Како што соопштил во средата операторот на пумпата, погрешната цена настанала поради грешка на вработен при внесување на цените. Во 21:41 резервоарот бил празен.
Од пумпата се уште не можат да кажам колку литри гориво се продадени по поевтина цена. Сега тоа го книжат како несакана продажба и не ги обвинуваат возачите што евтино ги наполниле резервоарите.
Фото: Илустрација