Дина Јашари ја доби наградата “Mилан Младеновиќ”

Дина Јашари, со песната „Дома” ја освои наградата „Милан Младеновиќ” 2022, која ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ” за најдобра песна во регионот.

Одлуката Дина да го понесе ова признание ја донесе регионалното стручно жири, кое оваа година го сочинуваат Миле Кекин (Хрватска), Соња Лончар (Србија), Матјаж Манчек (Словенија), Едо Плованиќ (Хрватска) и Драгиша Ускоковиќ Ќима (Србија).


Ова воедно е прв пат наградата да ѝ припадне на уметница надвор од територијата на Србија. Досегашни добитници на наградата востановена во 2019 беа Артан Лили со песната „Д.Е.П.Р.А.”, Драм со „Дај ми све” и Ана $ The Changes со песната „Ту”.

Освен Миле Кекин, кој имаше обврски со својот бенд Хладно пиво, комплетното жири присуствуваше на свеченоста, која по повод доделување на наградата „Милан Младеновиќ” 2022 ја организираше Донацијата „Милан Младеновиќ”, симболично, на неговиот роденден, во белградскиот Дорчол Плац, на 21 септември.


Извор – milanmladenovic.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) АТРАКЦИЈА – ПОДЗЕМЕН ГРАД: Фасцинантна мрежа на тунели кои ги спасиле жителите на Малта во Втората светска војна

Едно од интересните места на Малта е Ласкарис, подземен комплекс од тунели и соби од …