Герасимовски: „Сервисот за одмена на семејна грижа“ кој ќе го отвориме со УНДП ќе згрижува возрасни лица со Алцхајмерова болест и деменција

На денешниот Интернационален ден на Алцхајмеровата болест градоначалникот на Центар Горан Герасимовски беше гостин на настанот организиран од Граѓанското здружение Институт за
Алцхајмерова болест по повод подигнување на јавната свест за лицата заболени од оваа болест.
Алцхајмеровата болест е болест на целото семејство затоа што негата и грижата за болниот траат
24 часа секој ден во неделата. Со години таа нега е дополнителен и сериозен удар врз семејниот
буџет.

This image has an empty alt attribute; its file name is ALCH_24-jpg.jpg

loading...

„Алцхајмеровата болест е тивок крадец на сеќавањата и тешко е да се соочиме или бидеме сведок
на наш близок на кој полека му се одзема сето она кое го научил или стекнал во животот, сите
спомени, сето знаење и умеење, сите достигнувања и признанија. Бидејќи болеста најчесто се
јавува кај граѓаните над 60 годишна возраст Општина Центар високо ги позиционира
највозрасните граѓани на својата општина. Од таа причина неодамна потпишавме Меморандум за
соработка со УНДП преку кој на територија на Општина Центар ќе се отвори „Сервис за одмена на
семејна грижа“. Центарот ќе згрижува максимум 40 корисници кои ќе може да добијат 24 часовна
грижа најмногу 15 дена во годината. Негователките за овој центар веќе ги посетуваат обуките за
возрасни лица со Алцхајмерова болест и деменција“, изјави Герасимовски.

This image has an empty alt attribute; its file name is ALCH_12-jpg.jpg


Герасимовски исто така зборуваше и за проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ во кој
Општина Центар обезбедува нега во домовите на пензионерите два пати во неделата по 3 часа. Во
овој проект највозрасни граѓани на Општина Центар добиваат нега од лиценцирани
физиотерапевти, психолози и негуватели.

This image has an empty alt attribute; its file name is ALCH_20-jpg.jpg


„Верувајте дека највозрасните граѓани се презадоволни од овој проект. За некои од нив оваа нега
има исклучителна важност и претставува огромна помош, особено за оние кои живеат сами“, рече
Герасимовски за овој проект.

This image has an empty alt attribute; its file name is ALCH_21-jpg.jpg

За крај Герасимовски упати голема благодарност до Граѓанското здружение Институт за
Алцхајмерова болест и невронаука кое со години наназад преку различни активности се обидува
да ја разбуди јавната свест на граѓаните и институциите за отворање повеќе центри кои ќе ја
третираат Алцхајмеровата болест.
„Искрено се надевам дека вашиот напор за обезбедување грижа и посветеност за заболените од
деменција ќе го послушаат и останатите општини и градови“, заврши Герасимовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Македонските девојчиња на „Црнокрак” меѓу најубавите на светските избори за Мис: „Си бевме поддршка во Бејрут, меѓу нас не постои его!“

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од модното студио „Црнокрак” летово освоија титули на …