(ВИДЕО+ФОТО) Тениските легенди во прошетка низ Лондон – Роџер му бил водич на Мареј!

Светските тениски ѕвезди Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Енди Мареј и остатокот од моќниот тим на „Тим Европа“ се прошетаа низ Лондон пред почетокот на Лејвер купот 2022.
правдано отсуствуваше само трофејниот Шпанец, Рафаел Надал кој денеска ќе им се придружи на своите колеги и пријатели. Очекувано многу медиуми го следеа секој потег на тениските ѕвезди.


Во еден момент,Енди Мареј како своевиден домаќин се обидел да ги запознае своите соиграчи и пријатели со знаменитостите на англиската престолнина, но се покажало дека легендарниот Швајцарец, Роџер Федерер, ги знае подобро некои места во Лондон од „домаќинот“ Шкотланѓанец Мареј.

– Која е оваа зграда? – прашал Мареј во еден момент еден од организаторите, но тој добил лежерен одговор од Федерер кој му кажал дека тоа е зградата Шард.

– О, тоа е Шард? Што се случи со оваа зграда? – рекол Енди и запрел зачудено да ја погледне зградата.
– Таа отсекогаш била таква. Изгледа како скршено стакло. Но, тоа е Лондон, тоа го знаеме – изјавил Роџер со рацете во џебот.

Во разговорот помеѓу Роџер и Енди се вклучил и Новак Ѓоковиќ кој исто така со љубопитност ја набљудувал зградата.

– Енди, Роџер ти држи лекции за Лондон – ја искористил Новак приликата да го „поткачи“ својот стар ривал и пријател.
Трибините на арената )2 се полни и за време на тренинзите

Фото: Принтскрин/atptour.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ супериорно до 89-та титула во кариерата!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои трофејот на турнирот од серијата 250 во Тел Авив …