19. Меѓународен салон на стрип и 4. Стрип колонија „Велес 2022“

Оваа година по 19ти пат ќе се одржи Меѓународниот салон на стрип „Велес 2022″!

Во организација на Стрип центар на Македонија, под покровителство на Општина Велес, од 22 септември Велес ќе биде центар на стрип културата, каде што ќе бидат изложени сите пристигнати дела на објавениот меѓународен конкурс.

loading...

Ве покануваме да бидете дел од свеченото отворање на 19. Меѓународен салон на стрип „Велес 2022″ овој четврток, 22.09, со почеток од 20:00 часот во Ликовниот салон во Велес.

This image has an empty alt attribute; its file name is рекламен-постер.jpg


На отворањето ќе бидат прогласени победниците и доделени наградите во повеќе категории. Изложбата ќе биде поставена до 30.09 секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот. Оваа стрип – манифестација е единствената од ваков вид во Македонија.

Воедно, во истиот период, во Спомен – куќата на Касапови од 22-25 септември ќе се одржи и 4тата Стрип колонија „Велес 2022″, која е втора во Европа колонија од ваков вид, на која учество ќе имаат петнаесетина стрип артисти од Македонија, Србија, Романија и Албанија. Стрип колонијата е отворена за посетители.


Ве очекуваме!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА КУКЛАРСТВО

Во рамките на првото издание на ИФДТ „Игор Маџиров” од 01 до 03 октомври, 2022 …