Чаша млеко пред спиење: Ќе видите 5. промени во телото

Млекото е одличен извор на протеини, здраво е за коските и најкорисно е кога го пиете пред спиење, исто како кога бевме деца.
На пример, шолја млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се разбудите среде ноќ, па дури и да го забрзате слабеењето!
Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење:
1. Подобар сон
Повеќекратни студии на луѓе и животни покажале дека пиењето млеко пред спиење поттикнува подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете. Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење. Покрај тоа, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои може да се влошат за време на периодите на спиење.

This image has an empty alt attribute; its file name is bademovo-mleko.jpg

loading...

2. Го спречува будењето поради глад
Ако вечерате многу пред спиење, можно е да имате проблеми со спиењето во текот на ноќта. За да спречите да се разбудите гладни, испијте чаша млеко пред спиење.

3. Нè опушта
Покрај физичкото влијание врз организмот, пиењето млеко пред спиење нè потсетува на детството кое ни враќа убави спомени и делува смирувачки. Не релаксира и создава чувство на спокојство.


This image has an empty alt attribute; its file name is mleko.jpg

4. Помага при слабеење
Ако пиењето млеко ви помага да спиете подобро, тоа ќе ви помогне и да изгубите тежина! Лошиот сон може да биде причина за зголемување на килограмите, па подобрувањето на квалитетот на сонот би можело да биде решение за тие неколку накачени килограми. Покрај тоа, млекото е полно со протеини, па е одлична замена за доцната „ужина“ која може да биде и виновник за дебелеење.


5. Ја зголемува чистата мускулна маса
Млечните протеини се казеин и протеин од сурутка. Неколку студии покажаа дека конзумирањето на двете во вечерни часови ја зголемува синтезата на мускулните протеини во текот на ноќта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Македонските девојчиња на „Црнокрак” меѓу најубавите на светските избори за Мис: „Си бевме поддршка во Бејрут, меѓу нас не постои его!“

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од модното студио „Црнокрак” летово освоија титули на …