(ФОТО) Им ги „кршеше“ срцата на жените ширум светот, а сега е непрепознатлив: „Што е ова?

Холивудскиот актер Патрик Демпси (56) јавноста најмногу го памети по улогата на лекар, неврохирургот Дерек Шепард од серијата „Вовед во анатомија“, а во серијата го нарекуваа и „За сонување“ (McDreamy) поради неговиот неодолив изглед, како во серијата така и во реалниот живот. Актерот го привлече вниманието на жените ширум светот и по навлегувањето во педесеттите години.

View this post on Instagram

A post shared by Patrick Dempsey (@patrickdempsey)

loading...


Но, последната промена на имиџот малку ги изненадила неговите обожаватели и тоа не сосема на пријатен начин. Имено, на доделувањето на Disney Legends Awards 2022. година, актерот пристигнал со целосно избелена коса, поради што обожавателите едвај го препознале.
„Да не доби улога во House by Dragon?“, „Тој личи на Кен“, „Ми треба минута да го сварам ова“, „Што е ова?“, „Тој е непрепознатлив“, напишале изненадените женски обожаватели.
Актерот е познат по својата подолга, малку виткана коса испреплетена со сиви влакна, а за тоа е свесен и самиот.

View this post on Instagram

A post shared by Patrick Dempsey (@patrickdempsey)


„За жал, или за среќа, познат сум по мојата коса. Ова навистина налути многу луѓе. Тие не знаат како да го прифатат тоа. Или ме сакаат или ме мразат”, ги коментирал негативните коментари за списание „Варајети“.
И иако гледачите го обожаваат за неговата улога во серијата, неговите колеги наводно не го мислат истото, како што открила новинарката Линет Рајс, која беше единствената која успеа да добие интервју со него по неговото заминување од 11-та сезона на серија, кога неговиот лик ненадејно починал. Имено, многумина кои работеа на серијата велеа дека ги тероризирал колегите, поради што многумина добиле некаков посттрауматски синдром.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Нивниот брак е готов, а нејзиното лице кажува се: После 2. месеци го прекршил ветувањето!

Бракот на Жизел Бундхен (42) и Том Брејди (45) се уште е на „расклатени нозе“, …