Сокот од зелка има повеќе витамин Ц од портокалот, решава шест тегоби

Стомак
Свежо исцедениот сок од зелка за гастритис е хит. Воедно е и добар избор за третман на чир на желудникот и дванаесетпалачното црево. Се препорачува да се испие полна чаша од пијалокот пред секој оброк. Зелката е и благ лаксатив, па затоа се препорачува за луѓе кои страдаат од запек. Го поттикнува редовното празнење на цревата.

Хеликобактер
Helicobacter pylori има дури осумдесет проценти од населението. Предизвикува воспаление, ја зголемува киселоста и е одговорна за формирање на чирови на желудникот и горното дванаесетпалачно црево. Заразените имаат симптоми како гадење, надуеност, болки во горниот дел на стомакот, недостаток на апетит и лош здив. Се верува дека оваа бактерија може да доведе до развој на рак. Свеж домашен сок од зелка е древен природен лек за Helicobacter pylori. Се препорачува консумирање на празен стомак, два децилитри дневно.


Превенција на некои облици на рак
Зелката има антиканцерогени својства. Дејствува превентивно при рак на дебелото црево, мочниот меур и простатата. Овој зелен зеленчук содржи синигрин, кој делува превентивно. Покрај тоа, исцедениот сок од зелка делува како антиоксиданс. Го чисти целото тело, но и крвта од токсините, ја спречува појавата на слободните радикали и го зајакнува имунолошкиот систем.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Жените родени во овие знаци се најпосакуваните партнери и сопруги

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …