Натусана Македонија воведува нова козметичка линија на пазарот!

Натусана Македонија воведува нова козметички колекција на пазарот. Станува збор за Mediapharma cosmetics квалитетни козметички препарати за нега на лице и тело направени од внимателно одбрани природни состојки. Со тоа оваа компанија која веќе 20 години, како партнер на Dr. Theiss Naturwaren работи на македонскиот пазар, значајно го зголемува своето дистрибутивно портфолио, а за потрошувачите овозможува понуда на квалитетни производи направени по врвни стандарди.

Станува збор за производи кои содржат високо прочистена хијалуронска киселина со фармацевтски квалитет, овозможувајќи богата нега и интензивно навлажнување. Вклучуваат и скандинавски црвени алги, кои дополнително поттикнуваат влажност, и го стимулираат создавањето на сопствена хијалуронска киселина.

loading...

Здравјето е највредниот подарок, а градењето здрави навики наша примарна цел. Задоволството и здравјето на нашите потрошувачи отсекогаш било наш приоритет, и токму затоа овозможивме вакви квалитетни производи да се достапни на макеонскиот пазар, изјавија од Натусана Македонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is билборд-превју.png


Процесот на стареење на кожата и губење на хијалуронската киселина започнува меѓу 20-тата и 30-тата година. На почетокот знаците на стареење се незабележливи, но после 30-тата година истите стануваат видливи, кожата станува сува, помалку затегната и се појавуваат брчки.

Со помош на Mediapharma cosmetics колекција која содржи Дуо-Хијалурин-Комплекс активно се снабдува кожата со хијалуронска киселина и истовремено се стимулира да произведува сопствена хијалуронска киселина. Се поттикнуваат регенеративните процеси во кожата, што води до мазен и сјаен изглед. Колекцијата се состои од дневна и ноќна крема за сува кожа, потоа за нормална кожа, од концентрат и мицеларна вода за дневно чистење.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Македонските девојчиња на „Црнокрак” меѓу најубавите на светските избори за Мис: „Си бевме поддршка во Бејрут, меѓу нас не постои его!“

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од модното студио „Црнокрак” летово освоија титули на …