ЗАПОЧНУВА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР, ВЕЧЕРВА СЕ ИГРААТ ПРВИТЕ НАТПРЕВАРИ

Во среда официјално започнува квалификацискиот турнир oд официјалната кошаркарска лига на шампиони во организација на светската кошаркарска федерација ФИБА и за прв пат ќе се одржува во Скопје. Домаќин на турнирот е кошаркарскиот клуб ТФТ од скопската населба Тафталиџе.

Првите два натпревари се играат во среда, на 20 септември, во салата „Борис Трајковски”. Со почеток во 18:00 часот најтариот британски кошаркарски клуб Лестер Рајдерс и Волунтари од Романија ќе ги измерат силите на теренот. Во 21:00 часот нашите момци од ТФТ ќе се „пресметаат” со одлично познатите Кемниц од Германија.


Следните натпревари ќе се одиграат на 23 септември, а финалниот меч ќе може да се проследи на 25 септември.

Картите за сите натпревари се веќе пуштени во продажба и може да се купат онлајн на karti.com.mk (https://www.karti.com.mk/fiba-basketball-champions-league.nspx) и mktickets.mk (https://mktickets.mk/event/fiba-basketball-champions-league/)


КК ТФТ или „Клубот од заедницата, за заедницата” минатата година го освои Купот на Македонија за 2022 година што беше пријатно изненадување во македонскиот баскет и причина за одлични имиња како засилување во тимот. Во периодот кој следува, ТФТ ќе се бори со сериозни противници од Европа, а со оглед на жарта во нивната игра, многу поддржувачи и нови фанови ќе ги бодрат од трибините.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ферстапен незапирлив до пол позицијата на „Каталуња“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Шпанското ГП, седмата трка во …