(ВИДЕО) ФИЛМОТ „РУСОКОСА“- ВОЗНЕМИРУВАЧКО И НЕПОТРЕБНО: Бруталната сцена од СИЛУВАЊЕТО на Мерлин Монро во новиот филм ГИ ЗГРОЗИЛ гледачите! Прикажано како повраќа полна со модринки

Новиот филм на Нетфликс за Мерлин Монро, „Blonde“ содржи сликовита сцена во која холивудската дива е брутално силувана од претседателот Џон Кенеди, што вознемирило некои гледачи.
Филмот во кои главните улоги ги толкуваат Ана де Армас, Адриан Броди, Боби Канавале, Ксавиер Семјуел, Каспар Филипсон и Џулијан Николсон, неодамна беше објавен во кината и треба да стане достапен за гледање на Нетфликс на 28. септември 2022. година.

Поголемиот дел од дејствијата во филмот се измислени
Иако филмот прикажува некои реални аспекти од животот на покојната актерка, поголемиот дел од заплетот е всушност заснован на измислениот роман на Џојс Керол От од 2000. година.
Филмот предизвикал бурни реакции откако во август беше објавено дека е оценет NC17, што значи дека децата под 17 години не можат да го гледаат филмот, дури ни под надзор на возрасен.

loading...

Меѓутоа, сега е откриено дека филмот содржи повеќе прикази на сексуален напад и насилство – вклучително и застрашувачка измислена сцена во која Кенеди, кој го игра Филипсон, ја принудува актерката да изврши орален секс со него пред да ја силува.
Мерилин потоа се буди во кревет со модринки по целото тело и оди во тоалет за да повраќа.
Vulture го опишал моментот како „неверојатно напнат, вознемирувачки, крајно непријатен и експлоататорски“, додека луѓето на Твитер го нарекле „болен“ и „непотребен“.
„Немам ништо против биографски филмови кои се наклонети кон фикција, но измислувањето сцени со силување за да се додадат на приказната што треба да ја критикува сексуализацијата е едноставно погрешно“, напишал еден корисник на Твитер.


This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro.jpg

Режисерот го бранел филмот
„Жената е мртва, а вие го користите тоа како изговор за да ја покажете гола половина од времето и да го направите практично порно филм“, додал друг.
„Сцената со силување во ‘Руссокоса’ не е за доброто на уметноста. Тоа е чиста измислица на нештата во животот на една мртва жена која еднаш рече дека не сака луѓето така да се шегуваат со неа“, забележал трет.


This image has an empty alt attribute; its file name is merilin-monro-1-829x1024.jpg

Филмот наводно содржи и сцена во која филмскиот продуцент Дерил Ф. Занук ја силува Мерилин, како и вагинална снимка.
Режисерот Ендрју Доминик претходно го бранел филмот за Screen Daily, велејќи:
„Тоа е филм кој бара многу. Ако на публиката не и се допаѓа, тоа е нивниот е*ен проблем“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО Една од најскапите СВАДБИ во светот чинела 60. милиони долари: Луксузот го изненадил светот, но приказната немала среќен крај

Младенците биле наследничката Ваниша Митал и бизнисменот Амит Батија Има парови кои мислат дека е …