(ВИДЕО) Пристигна најновиот сингл на MVRTK

Продуцентот MVRTK издаде ново издание во соработка со продуцентите Zeead и Leon3s под насловот Your Love. Песната е издадена под германската музичка издавачка куќа SWUTCH Music.

Ова е најновото издание од македонскиот продуцент оваа година, кој на почетокот на 2022 ја издаде песната Out of Sight во соработка со продуцентот AndyBear и вокалистот Luke Coulson, која беше поддржана од Греми номинираното германското продуцентско и диџејско дуо Cosmic Gate на нивната радио емисија Wake Your Mind.


This image has an empty alt attribute; its file name is MVRTK-Photo-1-1.jpg

Минатата година MVRTK издаде повеќе песни кои беа дел од голем број на топ листи низ светот, беа поддржани од многу светски познати диџеи и продуценти како Dimitri Vegas & Like Mike, Luis Torres, R3HAB и Ferry Corsten.


Слушнете го најновото издание на MVRTK подолу:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ѕвездата од „ТОП ГАН“ ПОЧИНАЛА НА 66 ГОДИНИ! Ја делел сцената со Том Круз, Чак Норис и Брус Вилис: „Тој беше светилник на светлината и силата!“

Американскиот актер Кларенс Гилард Јуниор, кој се прослави со улогите во филмовите „Умри машки“ и …