(ВИДЕО+ФОТО) Не е фотошоп, ова е најширокиот автомобил на светот

На крајот на краиштата, останува само прашањето – зошто?
Volkswagen во Кина го продава Lamando L, поспортска верзија на Jetta таму, исто како што Arteon е поатрактивно издание на Passat во Европа. Lamando се промовира како удобно семејно возило, но корисникот на TikTok @justinbuildcars смета дека тоа не е доволно.
Затоа решил да го преработи за да добие своевидно XL издание на Lamando. Всушност, тоа е зголемување на 5XL, што е неговото официјално име. И да, овој автомобил навистина постои, што го потврдуваат бројните видеа споделени од корисникот на TikTok.
Автомобилот бил проширен од едната страна, но симетријата на каросеријата била задржана. Единственото отворено прашање е како е консипиран погонот.

@justinbuildcars It’s not a photoshopped car. But it messed up my brain. #fypシ #volkswagen #carsoftiktok #cartok #CapCut ♬ original sound – Justinbuildcars

loading...

Судејќи според брзината со која се движи во видеото, тоа поглавје можеби и не е целосно завршено.

@justinbuildcars Can I call this the real “widebody”? #fypシ #widebody #volkswagen #carsoftiktok #cartok #CapCut ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show


Интересно е што автомобилот пораснал исклучиво во ширина, речиси двојно повеќе. Од почетните 1831 мм, ширината на автомобилот пораснала на помалку од три метри.
Погледот во кабината открива дополнителни седишта напред и назад, па капацитетот на кабината сега е осум патници. Сопственикот дури тврди дека десет луѓе можат да се сместат во кабината без проблем.
Терминот „widebody“ во овој случај навистина добива ново значење.
Сепак, мора да се признае дека модификацијата е извршена многу ефикасно. Ќе помислите дека Lamando 5XL пристигнал директно од фабриката.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ринго Стар е болен, ги откажал настапите: „Не е Ковид 19“

Ринго Стар бил принуден да ги откаже своите настапи овој викенд откако се разболел од …