(ФОТО) Серија која ги урна рекордите на гледаност во Турција – „Животот е убав“ – нова приказна на Dizi!

Конечно можете да ја гледате серијата која ги урна рекордите на гледаност во Турција.
Серијата со мегапопуларните турски ѕвезди АлгиЕке, ЕкинМертДајмаз, БуракЧелик и ОјкуЧеликдонесува навидум едноставна приказна. Двајца браќа од градот се заљубуваат во иста жена кога ќе пристигнат во село на брегот на Егејското Море. Саваш и Бариш, бегаат од Истанбул со целото семејство, поради финансиски измами. Во селото каде што се кријат, ја запознаваат Зарифе (Алги Еке), преубава едноставна девојка која брзо успева да ги освои двајцата мажи.

This image has an empty alt attribute; its file name is zivotot-eubav-1.jpg
Но, која приказна во една турска серија е едноставна? И во овој случај, гледачите и љубителите на жанрот „дизи“ нема да бидат разочарани! Од љубовниот триаголник се раѓа вистинска романтична приказна. Зарифе воопшто не е подготвена да го направи конечниот избор поради што серијата е полна со смешни ситуации, со хумор генериран од очигледниот контраст помеѓу ликовите на жителите на градот и селаните, а она што на почетокот изгледа како шега брзо се претвора во нешто многу, многу сериозно.

loading...

„Животот е убав “ – оригинален наслов „Hayat Sevince Güzel“ – е серија снимена во 2016 година од компанијата Limon Film и беше најгледана серија во Турција за време на нејзиното прикажување.
Алги Еке, водечката актерка во серијата има 36 години има успешна кариера во Турција, играла во 7 играни филмови и има глумено во десет успешни ТВ серии.

This image has an empty alt attribute; its file name is zivotot-e-ubav-2.jpg
Екин Мерт Дајмаз, кој го игра Саваш во серијата, ја започна својата кариера во шоуто „Најдобар модел на Турција“ во кое што беше забележан по неговата егзотична убавина.Играво преку десет ТВ серии и сѐ уште е „студент“ на Универзитетот Халич.
Ако Дајмаз е згоден, публиката вели дека Бурак Челик е уште позгоден. Ги освоил титулите „Најдобар модел на Турција“ и „Најдобар модел на светот“! Тој го игра Бариш, другиот брат вљубен во Зарифе и неодамна изјави дека би сакал да го глуми Кал Дрого во серијата „Игра на тронови“! Впрочем, тој од одреден дел од турските медиуми го доби прекарот „Турскиот Џејсон Мамоа“.


Следете ги бурните судбини на главните ликови во „Животот е убав“ секој ден од 16:40 на Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Македонската спикерка по втор пат стана баба, да беше жив и нашиот актер ќе станеше дедо – името на внуката по денешниот православен празник!

Гордана Ѓорчева, спикерка во МТВ, денес по втор пат стана баба.Таа радосната вест ја сподели …