СУПЕРХИКС со концерти во Софија и Солун

Суперхикс повторно го освојуваат регионот!

Музичкиот состав најавува целовечерен соло концерт во култниот музички клуб “Строежа” на 21 септември во Софија на што следи и краток акустичен сет во “Catch A Fire shop” Софија, додека вториот настап е во Солун на 23 септември како дел од популарниот “Street Mode Festival” каде бината повторно ја делат со легендарните њујорчани “Fun Lovin’ Criminals” по нивниот заеднички настап на Таксират, 2003 година.


This image has an empty alt attribute; its file name is superhiks-1.jpg

Покрај Fun Lovin’ Criminals на фестивалот настапуваат и планетарно популарните “Villagers of Ioannina City”, “Deliquent Habits”, “1000MODS”, “Planet of Zeus” и уште многу други. Суперхикс ќе се претстават пред грчката публика со свој 50 минутен концерт.


This image has an empty alt attribute; its file name is superhiks.jpg

Ова е само втор настап во 28-годишното постоење на Суперхикс во Грција по настапот пред 10 години на Balkan Festival, кој се одржа исто така во Солун.


Доколку планирате викенд во Солун, не прошуштајте ги Суперхикс на Street Mode Festival. https://www.streetmode.gr/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СП 2022. – Георгина Родригез пристигнала во Катар, му дала поддршка на Кристијано Роналдо на вчерашниот натпревар

Георгина Родригез му даде поддршка на Кристијано Роналдо на вчерашниот натпревар на Светското првенство во …