Се подразбира дека е невозможно да се согорат масните наслаги „преку ноќ“. Сепак, постојат неколку навики во исхраната кои можете да ги користите за значително да го забрзате овој процес.
Висцералните масти се голем проблем за многу луѓе кои се обидуваат да изгубат на тежина. Овој вид на маснотии се наоѓа во пределот на стомакот и влијае на работата на црниот дроб и панкреасот. Некои студии покажаа дека може да предизвика рак, пренесува Eat This, Not That. Редовното консумирање на спанаќ, кељ, рукола и краставица е особено корисно за губење на масните наслаги.
Истражувањето спроведено од Универзитетот во Копенхаген докажало дека протеините од растенијата можат да ги одржуваат луѓето сити подолго од оброците на телешко месо. Експертите препорачуваат барем еднаш неделно да јадете вечера без месо и да јадете протеини од растително потекло.
Кофеинот е стимуланс кој ги подобрува когнитивните функции и метаболизмот, а може дури и да помогне при губење на тежината. Journal of the International Society of Sports Nutrition минатата година објави дека комбинирањето на пиење кафе со вежбање може да го забрза согорувањето на мастите.
Пред секој оброк треба да испиете чаша вода. Ќе го „измамите“ стомакот и побрзо ќе се заситите, а нема да внесувате премногу калории. Друг совет кој ќе ви биде корисен е да го комбинирате внесот на јаглени хидрати со храна богата со протеини.
Имено, протеините се варат побавно, така што ќе бидете подолго сити после оброк, што резултира со помал вкупен внес на калории. Покрај тоа, протеините (јајца, јаткасти плодови, цели зрна, риба, грав, мешунки и млечни производи) спречуваат јаглехидратите што ги јадете брзо да се претворат во гликоза што патува низ вашиот крвоток, зголемувајќи го нивото на шеќер во крвта.