(ВИДЕО) Шарлот се свртела кон Меган по погребот, војвотката воодушила со реакцијата

Вирално стана видеото од преслаткиот момент меѓу Меган Маркл и принцезата Шарлот додека кралското семејство ја напушта Вестминстерската опатија по погребот.
Имено, на видеото може да се види дека Шарлот се свртела кон Меган, која пак и подарила топла насмевка.


Шарлот се расплакала на погребот
Да потсетиме, принцезата Шарлот и нејзиниот брат принцот Џорџ присуствуваа на вчерашниот погреб на кралицата, нивната прабаба Елизабета.

Фотографија на која Шарлот неутешно плаче го обиколи светот. Принцезата стана многу емотивна кога се преместуваше ковчегот на кралицата. Ја тешела нејзината мајка Кејт Мидлтон.

Шарлот носеше црн фустан и дијамантски брош во форма на потковица. Се вели дека брошот бил подарок од кралицата Елизабета бидејќи Шарлот со неа ја споделувала љубовта кон коњите.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Девојка споделила совети за љубовни состаноци: „Ако ги слушнете овие три работи, бегајте што побргу“

Запознавањето и воспоставувањето романтична врска често не е лесно, а една девојка на Тикток објаснила …