Анксиозност и депресија: Пред да посетите психијатар, проверете дали имате недостаток на овој минерал

Магнезиумот директно влијае на лачењето на хормонот на среќата – серотонин.
Магнезиумот е еден од есенцијалните минерали неопходни за функционалноста на мускулите, за нервниот систем, а има и огромно влијание врз нивото на концентрација и квалитетот на сонот. Ефикасно против несоница и го подобрува сонот.
Магнезиумот помага и за побрзо опуштање на мускулите, но и за опуштање на целиот организам. Исто така, недостатокот на магнезиум може да биде главната причина за грчеви во мускулите.
Минималниот дневен внес на овој минерал е околу 300 мг (телото апсорбира само нешто помалку од 200 мг). Сепак, дури и високите нивоа на магнезиум не се препорачуваат бидејќи можат да му наштетат на здравјето.

This image has an empty alt attribute; its file name is nedostatok-na-magnezium.jpg
Природни извори на магнезиум се зелен лиснат зеленчук, мешунки, интегрален ориз, житарки од цели зрна, соја и семки од сончоглед, јаткасти плодови, млечни производи, месо, риба, чоколадо со минимум 70 проценти какао, непреработена морска сол. Сепак, треба да знаете дека дури 50. до 70. проценти од овој минерал се губи со термичка обработка, како и со замрзнување на храната (до 40. проценти) и рафинирање (до 99. проценти).
Препорачаната дневна доза на магнезиум за здрава возрасна жена е 350 мг на ден, а за возрасен маж, трудници и доилки е 450 мг.
Докажано е дека магнезиумот директно влијае на расположението и доколку не е доволен предизвикува анксиозност и депресија. Имено, тој директно влијае на рамнотежата на ослободување и прифаќање на хормонот на среќата серотонин и само кога ќе имаме доволно од него, се чувствуваме избалансирани.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Македонските девојчиња на „Црнокрак” меѓу најубавите на светските избори за Мис: „Си бевме поддршка во Бејрут, меѓу нас не постои его!“

Катарина Јовановска, Мија Стерјовска и Ива Пеева од модното студио „Црнокрак” летово освоија титули на …