(ФОТО) Кејт Мидлтон и Меган Маркл на посебен начин и оддадоа почит на кралицата Елизабета: Принцезата и војвотката една до друга на погребот

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана денеска во Лондон. На погребот се собраа голем број луѓе од целиот свет, а сите погледи беа вперени во кралската поворка.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, пристигна на погребот заедно со нејзините деца, принцот Џорџ (9) и принцезата Шарлот (7), како и нејзиниот сопруг Вилијам.
Кејт изгледаше сериозно во елегантен црн фустан во А линија, со задолжителната капа на главата. Оддавајќи ѝ почит на кралицата, принцезата избра да носи пар обетки и бисерен ѓердан, накит кој беше дел од личната колекција на кралицата Елизабета.

This image has an empty alt attribute; its file name is kejt-midlton-3-1024x682.jpg


Принцезата цело време била со децата, а тие заедно оделе зад ковчегот. Џорџ сега е втор по редот на тронот, а имајќи го тоа на ум, соработниците сугерирале дека би било добро јавноста да го види младиот принц, кој со љубов ја нарекувал кралицата „Ган Ган“.

View this post on Instagram

A post shared by The Prince and Princess of Wales (@theroyalhouseofwales)


Покрај Кејт, големо внимание привлече и Меган Маркл, сопругата на принцот Хари. Војвотката била,секако, во црн свечен фустан и шапка со големи обод, а носела бисерни обетки кои и ги подарила кралицата Елизабета. За време на минатогодишното интервју со Опра, Меган зборуваше и за овој подарок. Таа нагласи колку и значат обетките кои ги добила од кралицата.


This image has an empty alt attribute; its file name is megan-markl-2-1024x682.jpg

– Кралицата отсекогаш ми била прекрасна. Имавме една од нашите први заеднички ангажмани. Таа ме замоли да и се придружам. Појадувавме заедно тоа утро и таа ми подари прекрасен подарок, а јас навистина сакав да бидам во нејзино друштво. Ми подари прекрасни бисерни обетки и соодветен ѓердан – изјавила Меган во интервју кај Опра, пренесува Daily Mail.
Хари и Меган, кои живеат во Монтесито, Калифорнија, останаа во Велика Британија по смртта на кралицата на 8. септември. Тие беа на турнеја низ Велика Британија и Германија која траеше помалку од една недела и требаше да се вратат во Америка на денот на смртта на кралицата, четврток, 8. септември.

Фото: Принтскрин/YouTube/Sky News

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОВА ГО ЧЕКАШЕ ЦЕЛИОТ ТЕНИСКИ СВЕТ! Федерер се огласи и му честита на Ѓоковиќ!

Поранешниот тенисер број еден во светот и голем ривал на Новак, Роџер Федерер, му честиташе …