Тркалезна маса, разговори, промоција и концерт на „ПРО-ЗА Балкан“

Музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“ ќе се одржи вечерва во 21 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Промоцијата се одржува во рамките на 10. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, кој беше отворен синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје.
Претходно во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општетство/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

This image has an empty alt attribute; its file name is Rajko_Grlic_Motovun_Film_Festival-1.jpg
Во 20 часот ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.
Следува промоцијата на книгата „Полиграф“ и кус музички перформанс на Пијан Славеј (гитара и глас) и ГоцеЈованоски (бас).


This image has an empty alt attribute; its file name is pijan-slavej.jpg
Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ –филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетск избирки („Креветизам и хоризонтала“ во 2018 и „Срчки“ во 2020).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МНТ: ЗАМИНА НАШИОТ ТРАЈЧЕ ЃОРГИЕВ (1967 – 2023)

Со огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот колега и пријател – актерот …