ПРИНЦОТ ЕДВАРД, најмладиот син на Елизабета и неговата сопруга Софи Весекс не можеле да ги задржат солзите на погребот на кралицата.
Солзите тајно ги бришеле со марамчиња, а Едвард подоцна со прстите, на кои имал бели ракавици. Уште неколку пати, и откако сите седнаа да ги слушаат говорите, принцот Едвард си ги избришал солзите.
Софи беше омилената снаа на кралицата
Инаку, Британците ја нарекуваат грофицата од Весекс омилена снаа на кралицата. Тие, наводно, се зближиле по смртта на помладата сестра на Елизабета, Маргарет.
Еден кралски помошник објасни за Daily Mail во 2018 година дека „Кралицата зборува со Софи како што зборуваше со принцезата Маргарет“.
Едвард и Софи се во брак од 1999. година и имаат две деца – Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, виконт на Северн.
Фото: Принтскрин/BBC