ДЕНЕС ПОЧНУВА „КУЌЕН ПРИТВОР“, ПРВАТА СПИН ОФФ СЕРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Новата играна серија „КУЌЕН ПРИТВОР“, која е првата спин-офф серија во македонската ТВ
продукција, конечно ќе ја доживее својата премиера, и тоа вечерва во 20:15 часот на Првиот
програмски сервис при МРТ, а публиката ќе има можност да ги погледне првите четири епизоди
предпремиерно на стриминг платформата GLEY.


По исклучителниот успех на „Преспав“, чија што седма сезона е во фаза на подготовка, ОХО
ПРОДУКЦИЈА на својата публика ѝ ги отвора вратите од домот на еден од најпопуларните, но и
најмистериозни ликови од пансионот – Инспектор Томе. Кога Инспекторот е приведен од органите
на прогонот, изречена му е мерка притвор која треба да ја издржува во местото на живеење според
лична карта. По игра на случајот, на таа адреса живее поранешната сопруга на Томе, Вера, со
нејзиниот нов и значително помлад партнер Мете.

loading...


„Куќен притвор“ е серија која низ вообичаените комични инструменти на ситкомот ќе претстави
една поинаква, поинтимна страна на познатиот Инспектор, а ќе ги преиспитува и семејни динамики
во најразлични контексти, имајќи предвид дека динамичниот наратив испреплетува социјални,
емоционални и интимни, и современи политички аспекти.

Главните улоги ги толкуваат познатите актери од домашната сцена Горан Стојановски (Инспектор
Томе), Ирена Ристиќ (Вера, сопругата), Сашко Коцев (Таки Кошка, адвокатот), Дениз Абдула (Мете,
партнерот на Вера), Јована Спасиќ (Сузе, комшиката) и Зоран Љутков (Звонко, судијата).


Креатори на серијата се Пеце Талески, Сашо Кокаланов и Вардан Тозија. Главен сценарист е Сашо
Кокаланов, главен режисер е Вардан Тозија, а продуцент е Пеце Талески [ОХО ПРОДУКЦИЈА]. Се
реализираше во ко-продукција со Македонска Радио Телевизија и националната стриминг
платформа GLEY.
Како се снимаше новата серија и атмосферата Зад Сцените, можете да погледнете на видеото во
прилог.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Нивниот брак е готов, а нејзиното лице кажува се: После 2. месеци го прекршил ветувањето!

Бракот на Жизел Бундхен (42) и Том Брејди (45) се уште е на „расклатени нозе“, …