Говедски колаген, протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува еластичност на кожата и јачина на ‘рскавицата и коските!

Свеста за грижата за себе никогаш не била на повиско ниво! Денес се повеќе зборуваме и се информираме како да постигнеме поголема еластичност на кожата, одржување на поздрави нокти, поздрава коса, како да ја вратиме “енергијата” во зглобовите и колената.
Кога сме во такво расположение прва асоцијација ни е Колагенот! „Комплексен протеин” кој содржи 19 различни амино киселини, кои со текот на годините нашиот организам недоволно ги создава, и треба дополнително да ги внесеме во нашиот организам преку додатоците во исхраната. Колагенот е главниот протеин во сврзното ткиво на телото, кој обезбедува интегритет, еластичност и јачина на кожата, ‘рскавицата и на коските.

This image has an empty alt attribute; its file name is kolagen.jpg
Постојат и голем број други фактори кои го забрзуваат процесот на намалување на создавањето на колагенот како што се: исхрана богата со шеќер, стрес и изложувањето на сонце. Нема сомнение дека колагенот ни е исклучително потребен, и дека треба да го внесуваме во исхраната.
Како да одбереме квалитетен колагенски производ според сопствените потреби?
Пазарот е преплавен со разни колагенски производи за кои не сме сигурни колку се ефикасни. Кога бираме колагенски производ, треба да обрнеме внимание тој да биде од реномиран светски производител, и да базира на успешни клинички студии и тестирања кои ги потврдуваат ефикасните придобивки од неговата употреба. Во тој контекст се истакнува производителот Пептан кој е глобална водечка марка на колагенски пептид* во делот на производи наменети за здравјето и исхраната. А кој може да се нарача преку следниов линк https://arboreal.mk/kolagen/
Исто така важно е да знаеме дека постојат неколку типа на колагенски производи: колаген тип 1 и тип 3 кои што овозможуваат поголема еластичност и цврствина на кожата и колаген тип 2 кој што е многу редок во светот, а помага за обновување на рскавицата.
Кога бараме колаген важно е да знаеме за што сакаме тој да ни помогне. Колагенот тип 1 и 3 се за нега на кожата, а колагенот тип 2 се користи за обновување на ‘рскавицата која се наоѓа околу зглобовите. Кога станува збор за зглобовите и тетивите, колагенот тип 2 е „лепилото”што помага да се одржи телото заедно, корисно за спречување на болки во зглобовите поврзани со возраста или симптоми на артритис. Колагенот е тоа што им дава сила и интегритет на сврзните ткива во нашето тело.
Дека добрите колагенски производи прават чуда потврдуваат бројните тестирања кои што се спроведуваат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е негово користење подолг период. Позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнете или за неколку дена да имате кондиција како олимпиец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.
Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна помош од надворешни извори, главно од нашата исхрана или од суплементи.

loading...

Кон што се придонесува колагенот?
1. Го подобрува здравјето на кожата и косата
2. Ги намалува болките во зглобовите и дегенерацијата
3. Го забрзува метаболизмот, мускулната маса и помага во создавањето на енергија
4. Ги зајакнува ноктите, косата и забите
5. Го подобрува здравјето на црниот дроб

Пептан колаген- за да останеме млади и мобилни!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ова се знаци дека сте телепатски поврзани со некого: Еве како се открива телепатија помеѓу две лица

Ако го чувствувате ова, тогаш сте неверојатно телепатично поврзани со некоја личност! Телепатичното поврзување меѓу …