ОСУМ ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО кои откриваат детали за вашиот карактер!

Иако нашиот физички изглед зависи од нашите гени, а не од личните карактеристики, сепак постојат делови од телото кои можат да откријат многу за нашиот карактер.
Некои истражувања покажаа дека генетиката веројатно може да одреди многу работи за нашата иднина и начинот на кој ги гледаме работите.
Подолу се дадени некои студии кои откриле некаква врска помеѓу карактерот и физичкиот изглед:

Форма на носот
Според една студија од 2013. година, ткивото што ги поврзува коските и го формира носот може да каже многу за карактерот на една личност. Во истражувањето учествувале 1.700 испитаници, а според формата на носот биле поделени во неколку категории.
– Луѓето со долг нос се амбициозни и вредни. Тие се стремат да бидат перфекционисти и секогаш приоритет им е професионалниот живот.
– Луѓето со краток нос се чувствителни и лојални. Најмногу ги ценат чувствата и посветуваат повеќе внимание на своите сакани отколку на нивните кариери.
– Луѓето со остар нос можат да бидат одлични финансиски советници. Очигледно многу добро управуваат со парите.
– Луѓето со големи ноздри повеќе сакаат да трошат отколку да штедат.
– Луѓето со мали ноздри покажаа одлична поврзаност со пријателите и семејството.


Форма на лице
Човечкото лице има навистина сложена структура и може да биде показател за многу работи.
Според Цезар Ломбросо, основачот на криминалната антропологија, секое злосторство може да се идентификува според структурата на лицето на криминалецот.
Истражувањето од 2014. година открило поврзаност помеѓу обликот на лицето и коефициентот на интелигенција.
– Луѓето со долго лице се меѓу најинтелигентните.
– Кај луѓето со „тесно“ лице, емоциите и емпатијата се поразвиени од интелигенцијата.
– Сепак, луѓето со широко лице се покажаа како бесчувствителни, но многу успешни.

Боја на очите
Се чини дека очите навистина се огледало на душата.
Истражувањето, во кое учествувале 428. испитаници, имало за цел да открие дали очите го одразуваат карактерот на личноста. Се покажало дека карактерот и структурата на окото се поврзани со фронталниот лобус на мозокот, кој е одговорен за формирање на карактерот.
– Луѓето со кафени очи се родени како лидери. Оние со потемни очи се интровертни и мистериозни.
– Луѓето со светло сини очи имаат натпреварувачки дух, а луѓето со потемни очи имаат голема физичка сила и се многу чувствителни.


Облик на очите
Со години се веруваше дека обликот на очите, односно структурата на черепот во тој дел, може да открие многу за карактерот на човекот.
– Луѓето со широки очи имаат тенденција да ги изразуваат своите чувства. Тие обрнуваат внимание на деталите и обично се внимателни.
– Луѓето со големи очи се слободоумни, интелигентни и пријателски расположени.
– Луѓето со широки и затворени очи се интроверти и перфекционисти.
– Луѓето со широко поставени очи имаат тенденција да бидат мистериозни и напнати.
– Луѓето со очи во облик на бадем се страсни и романтични.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Близначки од Италија го прославија 100-от роденден: „Не мислевме дека ќе стигнеме до стотка“

Италијанките Франческа и Марија Рикарди, сестри близначки, заедно го прославиле 100-тиот роденден. Тие живеат во …