(ФОТО) Патуваат низ светот со своите деца: „Наскоро ќе бидат потполно слепи, сакаме да видат се“

Брачниот пар Едит Лемеј и Себастиен Пелетие од Канада, родители на четири деца, се нашле во ситуација од која се плаши секој родител. Дури три од нивните деца страдаат од хронична болест на очите, таканаречениот retinitis pigmentose (ретинитис пигментоза). Тоа е неизлечива и прогресивна состојба која предизвикува постепено губење на видот и на крајот најчесто завршува со слепило.


Сепак, овие родители не дозволија да се поколебаат, туку се одлучиле за авантурата на животот – и за себе и за своите четири деца. Семејно патуваат низ светот бидејќи, како што велат, сакаат нивните деца да видат се додека болеста не напредувала.
„Се надеваме дека тие богати визуелни спомени засекогаш ќе бидат врежани во нивните умови, бидејќи еден ден може целосно да го изгубат видот“, изјавиле тие за Си-Ен-Ен.

View this post on Instagram

A post shared by Plein Leurs Yeux (@pleinleursyeux)


Нивната најстара ќерка Миа имала само три години кога се појавиле нејзините први симптоми. Неколку години по нејзината застрашувачка дијагноза, синовите Колин и Лоран исто така почнале да забележуваат слични проблеми. Тогаш било јасно дека тие се соочуваат со истата болест.
„Сè уште нема лек за нивната болест и апсолутно ништо не може да се направи за да им се помогне. Не знаеме колку брзо болеста ќе напредува кај нив, но очекуваме дека до средни години на животот би можеле да бидат потполно слепи“, објаснува Едит.


На идејата да патуваат низ светот дошле сосема спонтано.
„Не сакавме да дозволиме деновите на нашите деца да минуваат без сознанието за убавината што ја крие овој свет. Почнавме да планираме како да поминеме барем една година патувајќи низ светот со нив. Кога докторот ни рече да и покажеме на мојата најстара ќерка што е можно повеќе сликовници и книги за да гледа што е можно повеќе пред да ослепи, тогаш донесов одлука. Зошто да и покажеш слон во книга кога може да го види вистинскиот во дивината?“, рекла Едит и додала:
„По нивните дијагнози сфативме дека немаме време повеќе да чекаме. Можеме да правиме големи работи дома, но сепак ништо не е толку добро како патувањето. Овде не се работи само за прекрасни пејсажи, туку и за различни култури, обичаи и луѓе“.

За да можат да си дозволат патување низ светот, овие храбри родители ги потрошиле сите семејни заштеди и ги продале акциите на компанијата во која работи Едит. Иако пандемијата го одложила нивното патување за некое време, тие сепак тргнале во март оваа година. Нивната прва дестинација била Намибија, каде нивните деца имале можност да видат слонови, жирафи, зебри и да се запознаат со дивиот свет. Досега патувале во Замбија, Танзанија и Турција, а тоа, како што велат, е само почеток.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како брзо да се исушат алиштата во зима? Овие генијални трикови заштедуваат време!

Доколку немате тераса или соба во вашиот стан каде што можете да ги исушите алиштата, …