Зошто Британците НЕ ЈА ПОДНЕСУВААТ МЕГАН МАРКЛ? Ја гледаат како НАЈГОЛЕМ ЛИЦЕМЕР, а ова се причините…

Во Вестминстерската опатија во Лондон синоќа сите членови на кралското семејство присуствуваа на богослужбата во чест на кралицата Елизабета Втора. Сепак, најмногу внимание привлекла Меган Маркл, а ни овој протокол не можел да помине, се чини, без спротивставени коментари.
Имено, поради постапките на сопругата на Хари, многумина веруваат дека таа само го потврдила своето лицемерие.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)



Меган најмногу жали за кралицата?
По кратка служба, членовите на дворот и оддале почит на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала. А Меган Маркл била видена како длабоко се поклонува пред ковчегот на кралицата со голема воздишка. Подоцна таа не можела ниту да ги сокрие солзите. И додека тој гест некого трогнал, кај другите разбудил голем гнев, поради бесчувствителните потези кон кралицата во претходните неколку години.
Вистина е дека Мегзитот предизвикан од американската актерка и британскиот принц беше тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да го игнорираме фактот дека Меган и Хари се обидоа да ја „заштитат“ кралицата од нивните воопшто безопасни закани насочени кон Дворот.

View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)



И оддала почит на кралицата со накит
Меган Маркл се обидела, како и Кејт Мидлтон, да и оддаде почит на кралицата, носејќи обетки кои ги добила како подарок од неа. Тој потег наишол на бројни осуди на социјалните мрежи, бидејќи општо е познато дека таа имала многу комплицирани односи со британскиот владетел.
Само некои од коментарите се:
– Фуј, лицемерно.
– Ми се допаѓа кога е сосема во ред таа да се појави на жалост за нејзината промоција, откако ја одби поканата на кралицата да остане во Балморал повеќе од еднаш.
– Никој не би знаел ни за овој детаљ (обетки) доколку не се погрижеше сите да знаеме – ова се само дел од коментарите со кои се осудува војвотката.


Кралицата на дело покажала што мисли за нивните постапки
Парот, кој се пресели во Америка и се откажа од различните привилегии на кралското семејство, реши да го задржи своето присуство ниско и без помпа на прославата на платинестиот јубилеј – седум децении од владеењето на кралицата Елизабета Втора. Тие беа само неми набљудувачи без должности.
Парадата на војниците и летечкото шоу во чест на кралицата тие го следеа од прозорецот на Бакингемската палата, а не од балконот со останатите членови на кралското семејство. Тие не беа ниту дел од церемонијалната поворка на кралските кочии. Тие исто така ги избегнуваа фотографите на аеродромот, а се сугерираше дека кралицата испратила автомобили да ги земе од приватниот аеродром.
Појавувањето на балконот на Бакингемската палата беше ограничено на „работните членови на кралското семејство“, што значеше исклучување на принцот Хари и Меган, како и на принцот Ендру.
Имаше очекувања дека во одреден момент ќе се сретнат со кралицата, но се подразбира дека ваквите средби се сметаат за приватни и сите детали остануваат на ниво на шпекулации.

Се откажала од своите должности, но не и од титулата
Покрај името на Хари сè уште стои титулата His Royal Highness (Неговото кралско височество), како и војводата од Сасекс, додека Меган се откажала од своите титули, а покрај името на мајката стои само Рејчел Маркл, нејзиното вистинско име, кое може да се види на изводот на родените. Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор.
Сепак, оставена и е титулата војвотка од Сасекс бидејќи тоа бил свадбен подарок од кралицата Елизабета Втора. Хари минатата година изјави дека ќе се откаже од титулата откако ќе ги напушти кралските должности, но очигледно се уште се држи до тоа. Изгледа дека се откажуваат само од она што не им се допаѓа…

„Скромен“ луксуз
По шокантните изјави на Меган и Хари за време на интервјуто со Опра Винфри, во светот околу кралското семејство се крена огромна прашина. Имено, принцезата од Сасекс истакнала дека сака автентичен и скромен живот. Но, таа на дело ја покажа својата контрадикторност. Додека зборуваше за своето нормално секојдневие носеше накит вреден само неколку илјади долари, а водителката ја прошета низ вилата во Калифорнија која чини над 15. милиони долари.
Нејзиното парадоксално однесување не е реткост, па носела облека за која издвоила над 7.000 долари додека посетувала училиште со деца со пречки во развојот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 ПРАВИЛА НА ВОСПИТУВАЊЕ НА ГОЛЕМИОТ ПЕДАГОГ – МАРИЈА МОНТЕСОРИ: Еве како да го одгледате најдоброто и најспособното дете на светот

Големиот педагог Марија Монтесори знаела како да го воспита најдоброто дете на светот, со само …